fbpx

СДСМ: Владата да ги повлече законите за хонорарци

-

Власта на Никола Груевски да не манипулира со законите што ги кратат хонорарите за задоволување на дневно-политички потреби и да го повлечат пакетот закони кои директно удираат по егзистенцијата на граѓаните, побара денеска опозициската партија СДСМ.

– Колку e неискрена власта на Груевски со граѓаните, говори фактот што направија измени на измените на пакетот закони за хонорарци уште пред да почнат да ги спроведуваат, а пред само неколку месеци истиот тој пакет закони од петни жили го бранеа. Укажуваме дека новоизгласаните измени и дополнувања не менуваат ништо за граѓаните кои се невработени и оние кои и онака земаат минимални хонорари. Тие, иако ќе плаќаат придонеси, со што ќе им се одзема од хонорарот, сепак нема да ги уживаат правата од Законот за работни односи (одмор, боледување, К-15….) – рече Мила Царовска, претседателка на Kомисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Од партијата велат дека ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ навистина сакале да ги заштитат невработените граѓани и оние кои со години работат, а не се социјално и здравствено осигурени, тогаш ќе предложеле задолжителна трансформација на сите хонорарни договори во договори за редовен работен однос, како што тоа го направиле со 3.000 хонорарни соработници во јавната и во државна администрација.

– СДСМ предлага авторскиот договор, договор на дело или друг вид договор склучен со невработени лица кои во континуитет се ангажирани повеќе од една година од исто правно лице, да мора да бидат трансформирани во договори за редовен работен однос. За да не дојде до злоупотреба на оваа мерка, правното лице ако го прекине авторскиот договор, односно договорот за дело, да не може да склучи нов договор со друго лице за истата работна обврска – рече Царовска, додавајќи дека со оваа мерка ќе се намали можноста за долгогодишно хонорарно ангажирање на невработените, без да се обезбеди социјална сигурност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила, пренесе германската новинска агенција ДПА. Меѓународната...