fbpx

Тројца грчки државјани спречени во обид да пренесат мигранти

-

Оделението за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија при Регионалниот центар за граничниот реон Југ, поради постоење основано сомневање, до надлежното основно јавно обвинителство поднесе кривични пријави против тројца грчки државјани, А.П. (40), К.Т. (34) и П.Р. (50), како и против непознато лице за криумчарење мигранти, загрозување на сигурноста и за предизвикување општа опасност.

Пријавените, како што стои во соопштението на МВР, по претходен договор прифатиле и превезувале лица со илегален влез и престој во Македонија, а првопријавениот и второпријавениот биле во улога на претходница (чистачи). Горенаведените ги превезувале илегалните мигранти во близина на Гевгелија, со намера да ги превезат до Скопје. Но, од страна на цивилниот тим од регионалниот центар за граничниот реон Југ, кај местото Градец на магистралниот пат Удово – Неготино, во правец на Неготино, забележани се три возила со грчки регистарски таблички и истите, штом го забележале полициското возило, веднаш ја зголемиле брзината на движење во правец на Неготино, при што напред одело возило марка „мазда 6“, кое веројатно било во улога на „чистач“, а по него се движеле возила „опел вектра“ и „ауди 4“.

Од страна на полициските службеници, на истите на соодветно место пред Неготино им бил даден светлосен (ротационен) знак за застанување, но возилата не постапиле по наредбата, туку, напротив, ја зголемиле брзината на движење притоа наишле на патролата која била поставена на клучка Неготино. На светлосен сигнал да запрат, возачот на „маздата“ нагло свртел за да побегне, при што удрил во лимената ограда од автопатот. Возилото присилно застанало бидејќи патот му бил попречен од возилото на регионалниот центар за граничниот реон Југ.

При контролата е утврдено е дека „маздата“ ја управува А.П., а како совозач бил второпријавениот К.Т. Другите две возила, и покрај обидот да им биде попречено натамошното движење, продолжиле со бегство, при што „аудито“ ненадејно и брзо свртело десно и преку бензинска пумпа се приклучило на стариот пат Неготино – Демир Капија, по што на 200 метри во непосредна близина на Железничката станица било престигнато од полициско возило и му било попречено понатамошното движење. Третопријавениот П.Р. бил лишен од слобода и при извршениот преглед на возилото внатре биле пронајдени шестмина илегални мигранти (петмина од Ирак на возраст од три до 27  години како и едно лице сириски државјанин на возраст од 25 години).

Третото возило, „опел вектра“, продолжило со бегство во правец на Градско по автопатот, при што од страна на полициски службеници била продолжена потерата. На клучка Градско возилото се исклучило од автопатот и продолжило со движење кон Велес по стариот пат. Во Градско, непосредно пред полициската станица, од полицијата му бил даден знак за застанување, но истото продолжи со движење со уште поголема брзина. Кај клучка за село Виничани, возилото запрело и од него излегле, односно биле истуркани, исто така, шестмина илегални мигранти (сите од Ирак на возраст од три до 46 години), по што возилото продолжило во непознат правец.

Од страна на судија на претходна постапка, на пријавените лица им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена за секој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...