fbpx
Свет Балкан Страница 3

Балкан

Бугарската државна безбедност обвинета дека не спречила издавање бугарски пасоши на Руси

Државната агенција „Национална сигурност“ (ДАНС) не презела соодветни мерки по дојава дека постои канал за незаконско издавање бугарско државјанство на Руси што користеле лажни документи, обвини Атанас Атанасов, копретседател на коалицијата „Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија“. Како што пренесува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg, Атанасов посочува...

Судењето на родителите на Коста К. продолжува, двете страни бараат да биде отворено за јавноста

Денес се одржа второто рочиште во Вишиот суд во Белград против родителите на ученикот Коста К. кој во мај минатата година уби девет ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Родителите на убиените деца, на кои не им беше дадено да...

Почна судењето на родителите на малолетникот кој уби 10 луѓе во училиште во Белград

Судењето на родителите на ученикот Коста К. кој во мај минатата година уби 9 ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, ќе биде затворено за јавноста, а на сите вклучени во судската постапка им е забрането да даваат изјави, соопшти Н1...

План за раст: „Забрзување“, „зајакнување“, „условеност“ во темпо na adagio – бавно, но со голема експресија

Анализа за Порталб.мк на Малинка Ристевска Јорданова, Институт за европска политика Откако се исцрпи дискусијата за годишните извештаи, поактуелен стана новиот План за раст за Западниот Балкан (или иновираниот поранешен Економски и инвестиционен план за Западниот Балкан), кој Комисијата го претстави на 8 ноември 2023 година,...

(ВИДЕО) Пожар во кинески трговски центар во Белград, го гаснат хеликоптери и 70 пожарникари

Голем пожар утрово избувна во кинескиот трговски центар во Блокот 70 во Белград. Густ чад што излегува од трговскиот центар може да се забележи од повеќе делови на српскиот главен град, а на терен се повеќе од 70 пожарникари. По наредба на српското Министерство...

Грција на пат кон воведување гласање на дијаспората на парламентарните и европските избори

Министерката за внатрешни работи на Грција, Ники Керамеус, поднесе предлог за амандман на законот за гласање преку пошта со кој се предвидува Грците надвор од границите на земјата да гласаат на изборите за националниот и за Европскиот парламент, јави грчки „Екатимерини“. Тоа практично значи дека...

Контраспин: Богојески манипулира со стара вест и подбуцнува етнички тензии

Петар Богојески, во неуморната мисија со секојдневни „анализи“ на Фејсбук, го разгорува предизборниот пламен. Во неговата објава на социјалната мрежа споделува вест за планираното поврзување на Тетово и Призрен со тунел. Тој алудира дека ова е првиот чекор кон обединување на Голема Албанија, а...

Хакери ги објавија јавно украдените податоци на Електростопанство на Србија

Хакерите кои неодамна го оневозможија онлајн системот на Електростопанство на Србија (ЕПС), а потоа бараа еден вид „откуп“ за да ги вратат податоците, вчера објавиле повеќе од 34 гигабајти кориснички податоци на интернет и овозможиле нивно преземање преку блогот Qilin, на мрежата Onion, објави...

Стево Пендаровски се сретна со претставникот на ЕУ за Балканот, Мирослав Лајчак

Претседателот Стево Пендаровски се сретна со специјалниот претставник на Европската унија за Западен Балкан и дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак. Како што соопшти претседателскиот кабинет, средбата се одржала во рамки на 54-от годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија. Пендаровски и Лајчак размениле мислења...

Бугарија ќе распредели 70 милиони лева од приходите на „Лукоил“ на ранливите групи

Руската компаниија „Лукоил“ наскоро треба да уплати близу 70 милиони лева во бугарскиот државен буџет. Тие пари ќе значат старт на државните програми за компензирање на транспортните трошоци на населението, односно овие пари ќе се распределат меѓу семејства со деца од ранливите групи, пишува...

Афера „Дипломи“ во Мостар: Сомнежи дека приватни универзитети издавале лажни дипломи

Припадниците на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА) вршат претрес во неколку приватни високообразовни установи во областа на Мостар, поради сомнение дека издавале фалсификувани дипломи, пренесуваат босанските медиуми. Акцијата „Кластер“ се спроведува по налог на судот на БиХ, а од приватните факултети во...

Силен земјотрес во Албанија, почувствуван во Охрид, Струга, Гостивар и Скопје

Земјотрес со локална магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа се случил во Албанија. Земјотресот го регистрирала и телеметриската сеизмолошка мрежа на РС Македонија на сеизмолошките станици инсталирани ширум земјава и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Како што соопштија...

ЕУ ќе ги услови милијардите евра нова помош за земјите од Западен Балкан

Земјите-членки на ЕУ се подготвени да дадат поддршка за Планот за економски раст за Западен Балкан во висина од над 6 милијарди евра, но бараат од земјите во регионот напредок во владеењето на правото и ускладеност со надворешната политика на ЕУ, јавува Радио-телевизија Србија...

Ќе има ли последици за Србија по прославата на денот на Република Српска?

Прославата на денот на Република Српска и учеството на Србија во одбележувањето на овој неуставен празник за Босна и Херцеговина претставува сериозна провокација не само кон регионот, туку и кон меѓународната заедница која силно се залага за зачувување на босанскиот суверенитет и интегритет, пишува...

Македонците и Албанците на европското дно според коефициентот на интелигенција [мапа]

Населението на Северна Македонија и Албанија со најнисок просечен коефициент на интелигенција во Европа. Поразителните резултати што ги објави World Population Review покажуваат дека просечниот IQ на Македонците е 81,91, а заедно со нас на дното во Европа се жителите на Албанија со просечен...

Опозиционерот Никола Сандуловиќ делумно парализиран по нападот од српската тајна служба

Семејството на опозицискиот лидер Никола Сандуловиќ, кој наводно бил претепан од српската тајна служба додека бил во притвор вели дека тој е делумно парализиран од нападот којшто се случил откако се извини за злосторствата извршени од Србите врз етничките Албанци во Косово, пишува Гардијан. Нападот...

За Курти, Србија е опасност за регионалната стабилност на Балканот

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека Србија претставува опасност за регионалната стабилност на Балканот, барајќи од српските власти да ги ослободат поранешниот припадник на ОВК Хасан Дакај и уште двајца косовски државјани кои беа уапсени на почетокот од месецов, пренесува Радио-телевизија Косово. Во својот...

Најстариот неделник во регионот НИН со комплетна промена на редакцијата

Досегашниот главен уредник на српскиот неделник НИН, Милан Ќулибрк се повлече од оваа функција во најстариот политички неделник во регионот, додека членовите на колегиумот и редакцијата на НИН дадоа оставка на новата сопственичка на медиумот Јелена Дракулиќ, пишува српскиот весник Данас. Редакцискиот колегиум во оставка...

ЕВБ: Вучиќ украл страница од книгата на Груевски – двајцата се теретат за миграција на гласачи

По изборите на 17 декември, опозицијата во Србија ја обвини владејачката партија за организирана регистрација на гласачите кои вообичаено не живеат во Белград за да гласаат на локалните избори во градот. Слични обвинувања, со протечени аудиоснимки своевремено беа упатени и против поранешниот премиер на...

Зетот на Виктор Орбан купи 11 деловни згради во Нов Белград

Диофа фанд менаџмент купилa 11 деловни објекти од премиум класа во Белград, при што овој фонд е дел од групацијата кога ја предводи зетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, пишува Форбс Србија. Станува збор за згради кои се лоцирани во Нов Белград. Според соопштението до...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...