Бугарија ќе распредели 70 милиони лева од приходите на „Лукоил“ на ранливите групи

Како и да е, оваа мерка ќе трае само до крајот на февруари годинава - од 1 март во Бугарија ќе стапи на сила целосната забрана за увоз на руска сурова нафта за преработка во рафинеријата во Бургас, во рамките на санкциите на ЕУ за руската нафта

-

Руската компаниија „Лукоил“ наскоро треба да уплати близу 70 милиони лева во бугарскиот државен буџет. Тие пари ќе значат старт на државните програми за компензирање на транспортните трошоци на населението, односно овие пари ќе се распределат меѓу семејства со деца од ранливите групи, пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg.

Всушност, станува збор за разликата во цената меѓу руската сурова нафта „Уларс“, која се преработува во рафинеријата „Лукоил Нефтохим“ и цената на северноморската сурова нафта „брент“. Во декември минатата година таа разлика изнесувала 69.904.372 лева (35.651.230 евра) и толку пари руски „Лукоил“ треба да ѝ исплати на Бугарија, која потоа ќе ги искористи за компензација за транспортните трошоци на населението, според Законот за компензирање на транспортните трошоци на корисниците на транспортот.

Собирањето на овие руски пари беше изгласано уште во февруари минатата година, но со месеци не можеше да се спроведе поради одредбата во законот дека за компензациските програми треба да се добие известување за помошта од Европската комисија. Од Брисел уште во март лани одговорија дека нема потреба од нивно одобрување, но дури на крајот на минатата година пратениците во бугарскиот парламент ги направија законските измени за отфрлање на обврската за известување. Со тоа, собирањето на руските пари стапува на сила од декември 2023.

Вкупната сума пари што „Лукоил“ треба да ги уплати се пресметуваат по специјална формула, во која влегува просечната месечна цена на суровата нафта „брент“ врз основа на индексот на Управата на САД за енергетски информации, односно U.S. Energy Information Administration for Europe Brent Spot Price FOB (Dollars per Barrel). Таа цена изнесувала 77,631 американски долари за барел, додека во истиот период руската сурова нафта или нафтата извезена од таму чинела 60 долари за барел.

Бугарија, односно тамошното Министерство за економија и индустрија, ја прави пресметката преку количествата нафтени деривати произведени во бургаската рафинерија од руска сурова нафта, односно преземените количества нафта од складовите.

Собраните пари во периодот декември 2023 – февруари 2024 ќе се наменат за компензација, односно субвенционирање, на околу 300.000 семејства со деца од ранливите групи. Тие семејства автоматски во текот на трите месеци ќе добиваат најмногу до 300 лева (околу 152 евра) месечно. За секое семејство ќе се прави посебна пресметка, врз основа на утврдените критериуми.

Како и да е, оваа мерка ќе трае само до крајот на февруари годинава – од 1 март во Бугарија ќе стапи на сила целосната забрана за увоз на руска сурова нафта за преработка во рафинеријата во Бургас, во рамките на санкциите на ЕУ за руската нафта.

Научниците го откриле потеклото на „Змејскиот Човек“ дополнувајќи ја сликата за семејството на праисториски луѓе

Нова молекуларна анализа на череп најден во Кина покажала дека не се работи за сосем нов вид, туку за припадник на денисовците, истребена популација праисториски луѓе кои живееле на повеќе места...

Пакистан сака да го номинира Доналд Трамп за Нобелова награда за мир

Пакистан соопштија дека сакаат да го препорачаат Доналд Трамп за Нобелова награда за мир за неговата работа во помагањето при решавањето на неодамнешниот конфликт меѓу Индија и Пакистан, пренесува Гардиајан. Овој потег...

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот Исток, пренесува...

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои во соопштението. По...
Колаж: (лево) Черепот од Харбин, фото од Чиамеи Фу преку Википедија (CC BY). (средина) Профилна слика на д-р Фу од Resarch Gate. (десно) Реконструкција на ликот на праисторискиот човек од Харбин од бразилскиот уметник Цицеро Мораес (CC BY 4.0)

Научниците го откриле потеклото на „Змејскиот Човек“ дополнувајќи ја сликата за семејството на праисториски луѓе

Нова молекуларна анализа на череп најден во Кина покажала дека не се работи за сосем нов вид, туку за припадник на денисовците, истребена популација праисториски луѓе кои живееле на...