fbpx

Судењето на родителите на Коста К. продолжува, двете страни бараат да биде отворено за јавноста

Пред судницата чекале родителите на децата кој беа убиени во основното училиште „Владислав Рибникар“ со фотографии од своите деца

-

Денес се одржа второто рочиште во Вишиот суд во Белград против родителите на ученикот Коста К. кој во мај минатата година уби девет ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Родителите на убиените деца, на кои не им беше дадено да присуствуваат на затвореното рочиште, чекаа пред судницата со фотографии од своите деца.

Рочиштето траеше само час и половина. Иако беше планирано одбраната да ја претстави својата страна, адвокатот кој го претставува семејството на Коста К. само го прочитал воведното излегување. Правен застапник за одбраната изјави оти целосно излагање на одбраната е одложено. Судењето ќе продолжи на 29 февруари.

Адвокатите на двете страни, односно и на одбраната и на оштетените, се противат на одлуката судењето да биде затворено за јавноста.

Правен претставник на семејството на Коста К. изјави оти смета дека е важно јавноста да биде известена за судењето, со цел да се избегнат шпекулации.

Огњен Божовиќ, адвокатот на 27 оштетени семејства, смета дека судењето треба да биде јавно, бидејќи станува збор за значаен општествено-историски настан.

Инаку, покрај родителите, во обвинението се вклучени и сопственикот и инструкторот на стрелачкиот клуб, каде, според обвинителството, таткото го носел својот малолетен син да вежба пукање. Самиот Коста не е кривично одговорен, бидејќи имал само 13 години кога го сторил делото, а кривична одговорност може да настапи на 14 години, според српското законодавство.

Почна судењето на родителите на малолетникот кој уби 10 луѓе во училиште во Белград

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Како порталот Спутник, гласноговорник на Кремљ, известуваше за македонските избори?

Два лајт мотива беа содржани во најголемиот дел од анализите и текстовите за изборите во Северна Македонија низ призмата на проруски Спутник. Првиот е дека С. Македонија има притисоци...