fbpx

Почна судењето на родителите на малолетникот кој уби 10 луѓе во училиште во Белград

Судењето ќе биде затворено за јавноста, а на сите вклучени во судската постапка им е забрането да даваат изјави

-

Судењето на родителите на ученикот Коста К. кој во мај минатата година уби 9 ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, ќе биде затворено за јавноста, а на сите вклучени во судската постапка им е забрането да даваат изјави, соопшти Н1 Србија.

Обвинителството побарало судењето да е затворено поради заштита на малолетниците, а адвокатот на родителите на Коста, Боривоје Боровиќ се спротивставил на одлуката, со тврдење дека медиумите секако ќе известуваат за случајот.

Во текот на рочиштето, адвокатите на одбраната не им поставуваа прашања на малолетниците кои се сведоци, ниту пак ќе им поставуваат во текот на постапката.

Покрај родителите, во обвинението се вклучени и сопственикот и инструкторот на стрелачкиот клуб, каде, според обвинителството, таткото го носел својот малолетен син да вежба пукање.

За сопственикот и инструкторот, Вишото јавно обвинителство во Белград бара затворски казни од по три години за давање лажни изјави во текот на истрагата.

Обвинителството предложило затворска казна од 12 години за таткото на Коста К.,, за тешко дело против општата безбедност. Според обвинението, таткото го обучувал детето како да ракува со оружје, а немал дозвола за поседување огнено оружје.

Се бара казна од две и пол години затвор за мајката на Коста.К, за кривично дело недозволено поседување оружје и муниција, бидејќи во куќата било пронајдено необезбедено оружје и голема количина муниција. Покрај тоа, на еден од чаурите кои биле пронајдена по масакрот во училиштето имало нејзина ДНК.

Коста.К не е кривично одговорен, бидејќи кога го сторил делото имал само 13 години, а кривична одговорност може да има лице над 14 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...