„Глобал Гејм Џем Скопје“: За 48 часа создадени 19 игри

Темата на настанот годинава била „Пробај да ме насмееш“, а истовремено се случувал во 109 земји во светот, на 797 локации со над 48.000 учесници

фото: Global Game Jam Skopje

Вкупно 75 учесници – професионалци, студенти и ентузијасти, биле дел од годинешното издание на „Глобал гејм џем Скопје“ (Global Game Jam Skopje), што во организација на Асоцијацијата на македонската индустрија за игри (Macedonian Games Industry Association – MGI) се одржа изминатиов викенд во просторијата „Base42“.

На настанот биле формирани 17 тимови, кои создале 19 игри, од нив 18 видеоигри и една друштвена игра (board game).

Темата на настанот годинава била „Пробај да ме насмееш“, а истовремено се случувал во 109 земји во светот, на 797 локации. На глобално ниво, во Global Game Jam учество зеле над 48.000 учесници.

Настанот се случува секоја година, последниот викенд во јануари и е најголемиот двигател на индустријата за развивање на игри во Македонија, велат од МГИ.