сабота, 13 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: пукање училиште | 21 резултати

Во Белград сослушано момчето кое уби десет луѓе во училиштето „Владислав Рибникар“

18 јули 2023

Вишото јавно обвинителство денеска го сослуша малолетниот Коста К. кој на 3 мај годинава со пиштол пукаше во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и уби го чуварот во училиштето и девет соученици, а тешко рани пет ученици и една наставничка, пренесува Н1. „Тој во моментот на горенаведените дејствија немал уште 14 години и како […]

Четириесет дена од масакрот во „Владислав Рибникар“: cвеќи и цвеќиња за жртвите

11 јуни 2023

Во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, денеска се одбележуваат 40 дена од убиството на девет ученици и еден чувар. Училиштето, како што пренесуваат српските медиуми, е отворено од 10 до 18 часот за граѓаните кои сакаат да положат цвеќе или да запалат свеќа во спомен на жртвите. Граѓаните во масовен број денеска оставаат […]

Се огласи семејството на момчето кое уби 10 луѓе во белградското училиште „Владислав Рибникар“

25 мај 2023

Семејството на К.К., седмоодделенецот кој со пиштолот на неговиот татко во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, уби 10 и повреди уште пет лица, по повеќе од 20 дена од масакрот, упатило сочувство до сите семејства на загинатите, пренесува Н1. „На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која секој ден немо плачеме од […]

Обвинителството отвори предмет за мајката чиј син уби 10 луѓе во белградското училиште

22 мај 2023

Основното јавно обвинителство во Белград по службена должност отворило предмет против М.К., мајка на седмоодделенецот кој на 3 мај годинава уби осум свои соученици и чуварот во училиштето „Владислав Рибникар“, а рани уште седум лица, од кои едно девојче подоцна почина. Обвинителството ќе утврдува дали во случајот кај мајката има елементи на кривично дело „запуштање […]

Десетта жртва од масакрот во Белград, почина најтешко повредената ученичка

15 мај 2023

Во Универзитетската детска клиника во Тиршова почина ученичката од ОУ „Владислав Рибникар“, која имаше тешки повреди на главата, соопшти Министерството за здравство, а пренесоа српските медиуми. Министерството за здравство соопшти дека девојчето починало утринава и покрај итната хируршка интервенција и сите преземени мерки за интензивно лекување. Српската министерка за здравство Даница Грујичиќ во свое име […]

Учениците од „Владислав Рибникар“ во Белград се враќаат во школо со посебна наставна програма

10 мај 2023

Една недела по трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, учениците се враќаат во училишните клупи, пренесуваат српските медиуми. Родителите се повикани дека доколку имаат потреба, можат да дојдат со децата на училиште, кои денеска денот ќе го поминат со своите класни раководители, а ќе бидат одржани два часа. Активностите, како што пренесуваат српските медиуми, […]

Оставка на српскиот министер за образование Ружиќ: Трагедијата ќе ја носам како печат на душата

7 мај 2023

Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ попладнево до Владата ја доставил оставката од функцијата, неколку дена по стравотниот настан во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, кога седмоодделенец со оружјето на својот татко уби осум свои соученици и чуварот во школото, а рани уште шест ученици и една наставничка. Во оставката, која тој ја објави […]

Од утре патроли околу српските училишта, трговски центри, паркови и на плоштадите

7 мај 2023

Полициски патроли од утре ќе бидат во близина на секое училиште во Србија, изјавил Данило Стевандиќ, државен секретар во МВР за српските медиуми, по двата масакра во Србија во кои беа убиени 17 луѓе, од кои поголем број деца и млади. Тој, во согласност со мерките на Владата, ги повикал и сите лица кои поседуваат […]

Грујичиќ: Неколку пациенти повредени во двата масакра во Србија се во животна опасност

7 мај 2023

Српската министерка за здравство Даница Грујичиќ во гостување на утринскиот дневник на Радоиотелевизија Србија (РТС) изјави дека двајца пациенти повредени во масовното пукање кај Младеновац и Смедерево се во критична состојба. Таа посочи и дека девојчето кое било примено по пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“ сè уште е во критична состојба и е витално загрозено. […]

Министерот Шаќири ќе побара итна проценка на безбедносните ризици во училиштата

6 мај 2023

По случувањата во Србија со двата масакра со огнено оружје што се случија неделава, министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска информираше оти ќе им предложи на владата и безбедносните органи да извршат итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, кои во голема мера се потхрануваат од одредени социјални мрежи, како што е ТикТок. […]

Д-р Арсова за масакрот во Белград: Средбите со оружје на детето му ги развиле мислите за убивање

6 мај 2023

Со седумнаесет жртви и десетици повредени како последица на два масакра се соочи Србија за само 48 часа, откако во средата седмоодделенец во Врачар уби осум свои соученици и чуварот во училиштето, а ден подоцна, 21-годишно момче во Младеновац уби осум луѓе и повреди 14. Она што за овие простори било непознаница, со овие два […]

Во Србија погреби на загинатите во двата масакра, во критична состојба се пет лица

6 мај 2023

Втор ден на жалост во Србија по двата масакра со огнено оружје што се случија во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и во селото Мало Орашје во близина на Младеновац. На белградските гробишта денеска ќе бидат погребани четири ученици и вработениот во обезбедувањето од школото во Белград, додека во Мало Орашје ќе се погребаат […]

Сослушан таткото на детето кое уби девет лица: обвинителството бара притвор, тој го негира делото

5 мај 2023

Во Вишото јавно обвинителство во Белград, бил сослушан В. К. (47), татко на седмоодделенецот К.К., кој на 3 мај уби девет луѓе во ОУ „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар, пренесува РТС. На рочиштето таткото негирал дека сторил кривично дело и детално ја изнел својата одбрана, а обвинителството најавило дека ќе бара мерка притвор. Сослушувањето […]

Српската влада по вчерашната трагедија предлага контроли и мораториум за носење оружје

4 мај 2023

Српската влада ги донесе најновите одлуки по вчерашното деветкратно убиство во белградското училиште „Владислав Рибникар“, пишува Радио-телевизија Србија.  Владата со најновите одлуки предлага мораториум на издавање дозволи за поседување и носење огнено оружје (дозволи за набавка на оружје, потврди за оружје и слично), во наредните две години. Во рок од три месеци, мора да заврши […]

Н1: Трагедијата во Белград – дали е крив Западот или ријалити програмите на телевизиите?

4 мај 2023

Изјавите на дел од српските официјални лица по нападот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, дека е виновен „трулиот Запад“ или некој друг за деветкратното убиство покажуваат дека „тука нема одговорност“, вели клиничкиот психолог Бранка Кордиќ за телевизијата „Н1“. На прашањето каква порака сака да се испрати со ваквите изјави, Кордиќ вели дека претпоставува дека […]

Властите ги утврдуваат причините за деветкратното убиство во Белград, граѓаните бесни

4 мај 2023

Српските официјални власти започнаа со објавување во јавноста на првичните сознанија околу мотивите за вчерашното деветкратно убиство во Белград. Веселин Милиќ, началник на белградската полиција во вчерашното гостување во емисијата „Око“ на РТС, откри дека К.К. (13), седмоодделенецот кој вчера уби осум свои соученици и чуварот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, а рани […]

Седмоодделенец со пиштол уби чувар и рани неколку ученици во училиште во Белград

3 мај 2023

Српската полиција утрово уапси 14 годишен ученик кој со пиштолот на татко му во 8.40 часот го застрела чуварот на училиштето „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар и повреди повеќе лица. Полицијата соопшти дека ги испратила сите расположливи патроли кои веднаш излегле на терен и го привеле седмоодделенецот, кој испукал неколку истрели во правец на […]

Страна 1 од 1