fbpx
Македонија Страница 1982

Македонија

Времето денеска студено и суво

Денеска во Македонија, времето ќе биде претежно сончево, со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 4 до 10 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува слично време, со температура до 7 Целзиусови степени.  

Почина актерот Васил Шишков

Вчеравечер во Скопје почина актерот Васил Шишков. Васил Шишков е роден во 1970 година. Тој беше син на еден од великаните на македонскиот театар, актерот Ристо Шишков. На македонската театарска сцена Васил Шишков е активен од 1991 година, а има остварено и повеќе улоги во македонски филмови...

На отворената седница, Владата најави нови инвестиции и вработувања

Нови инвестиции, отварање нови работни места, како и реформи во јавната администрација се дел од темите на отворената седница на Владата за сите реформи и активности што ќе бидат опфатени во Акцискиот план за 2015 година. Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, најави вработување на уште 250...

Владата, сепак, го усвои државниот испит

На денешната отворена седница на Владата на Република Македонија, беа прифатени реформите на законот за високо образование, кои предвидуваат воведување државен испит за студентите. Со ова се затвори јавната расправа за овој закон, кој ќе биде испратен на гласање во Собранието на Република Македонија. Министерот за...

СДСМ: Власта ги заборави инвестициите на домашните претпријатија

Македонија има најниски инвестиции на приватниот сектор во целиот регион на Југоисточна Европа во периодот 2006-2013 година, а проблемот кај нас е што актуелната власт се обидува да ги поттикне само инвестициите на странски компании, а ги заборави домашните, велат од СДСМ. - На големите...

Либералната партија со поддршка на протестот на хонорарците

Либералната партија го поддржува утрешниот протест против измените на законските одредби за хонорарното работење и ја повикува Владата да го повлече спорното решение. „Новото решение ги нарушува воспоставените односи меѓу работодавците и работниците ангажирани врз основа на хонорарна работа, нивното функционирање на пазарот и перформансите на фирмите. Особено...

Студентите добија поддршка од реномирани универзитетски професори

Неколку професори од светски реномирани универзитети им пишаа писмо на студентите од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ во знак на поддршка за студентските протести против воведување државен испит на факултетите. „Кога институциите на високото образование стануваат предмет на контрола на државата, критичкото размислување е заложник на...

Иванов и Вељаноски го честитаа Денот на наставата на турски јазик

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, им го честиташе Денот на наставата на турски јазик - 21 декември на сите припадниците на турската заедница во Македонија. „Јазикот ја претставува душата на една нација. Во него е содржан кодот на идентитетот на еден народ. Можностa за...

Од следната година ќе поскапат цигарите

Цигарите од 1 јули следната година ќе поскапат за 0,15 денари по парче или за околу три денари за една кутија. Во согласност со календарот за зголемување на акзицата за цигарите, по три денари за една кутија ќе се зголемува цената на цигарите до 1 јули...

Променливо облачно со снег на планините

Времето претпладне ќе биде облачно, со услови за слаб дожд во северните и во западните делови од земјава, а на планините со услови за слаб снег. Утринската температура ќе се движи од -3 до 4 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне 11 степени. Ќе дува...

Отворен Музејот на дејците на ВМРО во Штип

Премиерот Никола Груевски денеска го посети Штип, каде присуствуваше на отварањето на Музејот на дејците на ВМРО од Штип и од Штипско и оствари работна посета на новиот далекувод на МЕПСО, кој ќе се протега од Штип до македонско-српската граница. - Ретко се наоѓаат вакви...

Протестите не ја премислуваат Владата

Законските измени, со кои за хонораците ќе се плаќаат придонеси за пензиско и за здравствено осигурување, ќе се се применат од први јануари. При денешната посета на Штип, премиерот Никола Груевски рече дека Владата останува решена со законските измени да ги натера работодавците да ги...

И функционерите ќе плаќаат придонеси за дополнителен приход

Јавноста навикна Социјалдемократскиот сојуз да се испречува на секоја позитивна мерка, без разлика колку е корисна за граѓаните, особено за работниците, а со извртување на тезите, сака да ги манипулира работниците, се вели во реакцијата од Министерството за труд и социјална политика за ставовите изнесени...

Втор саем за проектот „Купи куќа, купи стан“

Во трговскиот центар „Рамстор“ во Скопје се одржува вториот саем посветен на проектот „Купи куќа, купи стан“, организиран од Министерството за финансии. На саемот, освен министерството учествуваат банки, градежни компании и компании поврзани со домување. Тие на штандови даваат информации за заинтересираните граѓани, кои...

СДСМ: Зошто буџетите на фондовите за пензиско и за здравствено осигурување се празни?

Новите законски решенија ќе доведат до тоа работодавците да настојуваат да ги спуштат договорите за дело под минималната плата за да ги избегнат дополнителните плаќања за здравствено и за пензиско осигурување, рече на прес-конференција Мила Царовска, претседателката на Kомисијата за труд и социјална политика...

Во Сирија загина уште еден македонски државјанин

Во Сирија загина уште еден Албанец од Македонија, кој бил припадник на џихадистите на Исламската држава. Е.А. од скопско Инџиково, кој имал 23 години, заминал да војува на сирискиот фронт пред три месеци. Ова е 13. македонски државјанин што загинал на воените полиња во Сирија. Според...

Нов локален пат и повеќенаменско игралиште во Прилеп

Во гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, ќе го пуштат во употреба 35. по ред повеќенаменско игралиште кое е дел од проектот „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта". Претходно, министерот...

Хуманитарен базар за Дневен центар за деца со аутизам

Хуманитарен базар „Подајте рака, допрете срце“  ќе се одржи денеска во „Скопје сити мол“, а собраните средства од продажбата ќе бидат наменети за отварање Дневен центар за деца со аутизам. Базарот е во организација на здружението „Во мојот свет“ и меѓународната градинка „Сент Пол“....

Сончево со слаба магла во претпладневните часови

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, со умерена облачност и со слаба магла во претпладневните часови. Во попладневните часови ќе дува умерен северен ветер. Во Скопје, ќе биде умерено облачно со услови за магла претпладне, а попладне ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Дневната...

Групата на Красниќи осудена на 58 години затвор

Кондовецот Агим Красниќи и неговите соработници, Кривичен суд ги прогласи за виновни дека подготвувале тероризам во 2005 година. Тие се осудени дека го држеа Кондово под опсада. Иако две години подоцна групата беше ослободена, денеска судот им изрече речиси 58 години затвор на десет обвинети. Според...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...