fbpx
Македонија Страница 1983

Македонија

В петок седница за одземање на мандатите на опозицијата

За петок, во 14 часот, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ја закажа седницата на која единствена точка на дневениот ред ќе биде предлогот за одземање на пратеничките мандати на опозициските пратеници. Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања претходно констатираше дека 31 пратеник од опозицијата биле неоправдано...

Сончево, но студено време

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, а претпладне ќе има услови за појава на магла во одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од западен и од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од - 6 до 2 Целзиусови степени, а дневната од 8 до 14...

Македонската и полициите на уште три европски земји во конечна пресметка со „Франкфурт-мафија“

Голема криминална група, која внесувала и продавала хероин во земјите од ЕУ, е разбиена во заедничка акција на полициите од четири европски држави. Уапсени се речиси 400 осомничени членови на групата и запленети се 100 килограми хероин и помали количества кокаин, марихуана и пари...

Нов протест на студентите в петок

„Изгледа дека она што Владата го подразбира под „јавна расправа“ е (консензуален) разговор на министрите и на премиерот пред камери. Покрај сите „јавни дебати“, свесно прекршување на законите, како и целосното игнорирање на „Студентски пленум“, како и на самите универзитети, ние не се откажуваме! Драги...

Загаденоста во Скопје двапати повисока од дозволеното

Загадувањето во Скопје утрово е двапати повисоко од дозволеното според податоците измерени во 10 часот. Нивото на канцерогените  суспендирани ПМ10-честички изнесува 118,84 микрограми на еден кубен метар од дозвелени 50 микрограми. Моментално, многу високо ниво на ПМ10-честичките е забележано во скопската наслеба Лисиче и во...

Македонските новинари ќе можат да пријавуваат заплашувања во Стразбур

Новата интернет-платформа што Советот на Европа ја подготви со Европската федерација на новинари (ЕФН), „Репортери без граници“ и со други меѓународни новинарски здруженија и преку која европските новинари ќе можат да информираат за секаков вид заплашување или напад, ќе им биде на располагање и на...

Средба на Јолевски со поранешните министри за одбрана и со началници на ГШ на АРМ

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и началникот на Генерал-штабот на АРМ, генерал потполковник Горанчо Котески, денеска традиционално имаа средба со поранешните министри за обрана, началници на Генерал-штабот на АРМ и со пензионирани генерали на АРМ. На средбата, како што изјави министерот Јолевски, се зборувало за активностите...

Во Охрид протестираа вработени од ЕМО, в четврток ќе дојдат во Скопје

Околу 200 вработени од АД ЕМО од Охрид и капитално поврзаните друштва, кои бараат да им се исплатат заостанатите триесетина плати, придонеси и да се регулира нивниот статус на вработени, денеска излегоа на протест. Тргнаа од Основниот суд, а потоа продолжија пред подрачните единици на...

Ќе страдаат најзагрозените: Протест против законот за хонорари

„Нема да ви плаќаме“, „Не за дражавен рекет“,  „Социјална правда“, „Нема да ви помине“, „Заедно сме посилни“, „Ќе победиме“ со  овие извици, протестантите денеска ѝ порачаа на Владата дека не се согласуваат со донесувањето на новиот закон за задолжително социјално осигурување. Протестантите се собраа...

Ставрески: Поднесени 306.000 барања за откуп на дворното место

Вкупно 306.000 барања се поднесени до крајниот рок за откуп на дворно место. Од нив, 234.000 се поднесени откако актуелната Влада донесе одлука откупот на дворното место да се врши по едно евро за еден квадратен метар. Ова го соопшти вицепремиерот и министер за финансии...

Тодоров: Предвидена вакцина и за стрептокока

Вакцинацијата, генерално, се одвива одлично, а од 2018 година е предвидена и вакцина за стрептокока да влезе во генералниот календар, истакна министерот за здравство Никола Тодоров на синоќешната отворена владина седница. - Таа е честа бактерија, позната за пошироката јавност, особено за оние што имаат деца...

Реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе се одложи?!

Заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, на отворената владина седница информираше дека во најголем дел со предвидената динамика се вршат сите активности поврзани со реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Тој појасни дека се работи на комплетна реконструкција на првиот блок од...

Попоски: Односите со соседите и економската дипломатија, приоритети во 2015 година

Бројните дипломатско-конзуларни претставништва придонесоа за одлуките за инвестирање во Македонија, како онаа на американски „Капкон“, во што беше интензивно вклучен нашиот конзул во Њујорк. 2014 година најмногу треба да ја мериме по тоа и во таа насока е многу успешна и охрабрувачка за Македонија,...

ВМРО-НП: ВМРО-ДПМНЕ трајно ги згази демохристијанските вредности

ВМРО-Народна партија реагира на маратонската дезорганизирана и крајно конфузна седница на Владата на Република Македонија, која ништо работно и функционално немаше на дневен ред освен саморекламирање. Зачудува фактот, велат од партијата, што оваа седница беше одржана во недела кога знаеме дека во сите религии...

СДСМ бара веднаш да се прекине изградбата на административната зграда на „Водовод“

СДСМ и коалициските партнери од опозицијата уште еднаш најостро се спротивставуваат на изградбата на луксузниот административен објект на ЈП „Водовод“, што ги чини граѓаните 11 милиони евра. Оттаму бараат веднаш да се прекине градбата, зградата да се продаде во сегашната состојба, а парите од...

Протест против законот за хонорарци

Околу 3.000 граѓани, со транспаренти „Не сум економско робје“ и „Твојот данок, нивна иднина“, денеска излегоа на улица да го изразат незадоволството од законските измени во согласност со кои 35 отсто од хонорарите ќе се одвојуваат за плаќање здравствено, пензиско осигурување и данок за добивка. Протестот...

Свеќа и почит за Васил Шишков

Група граѓани, пријатели и колеги на познатиот актер Васил Шишков, вечерва организираат достојно испраќање на уметникот, кој синоќа ненадејно почина. Вечерва, во 19 часот, во паркот Жена-борец, ќе се соберат да му оддадат последна почит на актерот.

„Титоисти“ потсетуваат: На 22 декември – Ден на ЈНА

Здружението „Титоисти“ од Охрид, денеска се огласи со соопштение, сакајќи да потсети на 22 декември, датумот кој народите во поранешната југословенска држава го одбележуваа како Ден на ЈНА. „Во редот големи датуми во СФРЈ, едно од најзначајните места го зазема и 22 декември. Сега е...

Сметките за вода за фирмите од април само во електронска форма

Од 1 април идната година, јавните претпријатија да ги доставуваат сметките за вода за команиите само по електронски пат, предвидуваат измените на Законот за снабдување со вода за пиење. Како што информира на отворената владина седница министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на тој начин...

Наредната година 1.000 лекари ќе се обучуваат во најреномирани странски болници

Во текот на наредната година, околу 1.000 нови лекари и друг медицински персонал од Македонија ќе бидат испратени на обука во најреномирани болници во странство. Од нив, околу 800 се лекари, а останатите техничари и помал број медицински сестри. - Само за јануари годинава се...

Израел ја затвора канцеларијата на Ал Џезира

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека канцелариите на Ал Џезира во Израел ќе бидат затворени, пренесува CNN. „Владата на чело со мене едногласно одлучи: Провокативниот канал Ал Џезира ќе биде...