fbpx
Македонија Страница 1984

Македонија

Собранието, без кворум, не му ги оздеде мандатите на СДСМ

Собранието немаше двотретинско мнозинство за да почне со гласањето за одземање на 31 мандат на пратениците од опозицијата. Во салата беа присутни само 65 пратеници, а за одземање на мандатите е потребно двотретинско мнозинство или 82 пратеника. На седницата не присуствуваа сите пратеници на коалициските партнери...

Почна протестот на студентите пред Владата

Пред Владата на Македонија почна протестот организиран од „Студентски пленум“, против полагањето државен испит и реформите во образованието. Според најавите од студентите ќе се одржи перформанс. Луѓе масовно сè уште се приклучуваат на протестот.

Ивановски во Израел на средби со ИТ-компании

Од денеска до 30 декември, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе престојува во Израел, каде ќе ги претстави можностите што ги нуди Република Македонија за привлекување странски инвестиции. Според Министерството, Ивановски ќе има средби и разговори со најголемите ИТ-компании во таа земја, како...

Филмските работници испратија протестно писмо до Владата

Поради законските измени за плаќање придонеси за хонорарците, филмските работници во Македонија испратија отворено протестно писмо до Владата. Во писмото се вели: „Ние, филмските работници на Република Македонија, сме крајно загрижени за ефектите што ќе ги предизвикаат законските измени за плаќање придонеси за хонорарците во филмската дејност. Како начин...

Oбвинение за двајца полициски инспектори за случајот со трикратното убиство во Кавадарци

Јавното обвинителство Кавадарци поднело обвинителен предлог против двајцата полициски инспектори, обвинети дека при постапувањето по претходни пријави, не му го одзеле оружјето на кавадарчанецот Т.С. кој на 9 ноември изврши тројно убиство. Како што информираат од Обвинителството, поведувањето на постапката е по кривична пријава поднесена...

Скопје, Кичево и Тетово утрово дишат отров

Загадувањето во Скопје измерено во 10 часот утринава изнесува 319,69 микрограми на еден кубен метар, што е речиси седумпати повеќе од дозвелените 50 микрограми. Нивото на загаденост во Скопје од неделата во континуитет е многу високо. Ако загадувањето продолжи и во наредните четири дена, тогаш од Град Скопје...

СПЦ ја замени БЈРМ со Р. Македонија во новото соопштение

Во новото, дополнето соопштение на Српската православна црква за посетата на рускиот митрополит Иларион на Скопје, БЈРМ е заменето со Р.Македонија, но за Македонската православна црква-Охридска архиепископија сè уште се користат термините „самопрогласена“ и „неканонска“. Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија по посетата...

Иванов ќе ѝ додели „Орден за заслуги за Македонија“ на МРТВ

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе ја одликува Македонската радио-телевизија со „Орден за заслуги за Македонија“. Орденот се доделува по повод 70-годишнината од основањето на Македонското радио и 50-годишнината од основањето на Македонската телевизија и за нејзиниот придонес за негувањето, презентирањето и промовирањето...

Студентите на протест во 14 часот пред Влада

„Ние сакаме корисни реформи поткрепени со аргументи, анализи и поддржани од јавна дебата. Ќе нè гледате и ќе нè слушате додека не ги добиеме. Но, ние не сме насилници. Студентите овојпат ја имаат вистината и тоа е она што нè прави автентични. Токму затоа ве...

Денеска ќе се одлучува за одземање на пратеничките мандати на опозицијата

Денеска, во 14 часот, во Собранието ќе се одржи 28. седница на која треба да се одлучува за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата. Опозициските пратеници, со исклучок на три пратенички, по вонредните паралментарни избори, донесоа одлука да не учествуваат во работата на парламентот. Тие...

Граѓаните на отворен ден на Владата

Граѓаните на Македонија денеска на отворениот ден на Владата ќе можат одблизу да се запознаат со нејзината работа. Во рамките на „Отворена Влада“, граѓаните ќе се запознаат со начинот на функционирање, спроведувањето на владините политики, а ќе можат да учествуваат и на седница на една...

Нискa температурa со услови за врнежи од снег

Времето денеска ќе биде умерено облачно. Во попладневните часови ќе дува умерен ветер од северен правец, кој ќе придонесе за рапидно опаѓање на температурата. Ниската температура ќе создаде услови за формирање снег, кој се очекува да почне да паѓа кон крајот на денот. На...

Хонорарците што заработуваат повеќе од минималец ќе се бришат од евиденцијата

Агенцијата за вработување ќе ги избрише од евиденцијата на активни баратели на работа невработените лица што земаат хонорар повисок од минималната плата и ќе ги става во евиденцијата на пасивни баратели, информира денеска директорот на Агенцијата, Влатко Поповски, пренесува „24 Вести“. Овие хонорарци ќе бидат надвор...

Реакции за основањето „Професорски пленум“

Создавањето „Професорски пленум“ предизвика различни реакции кај професорите на социјалните мрежи. Ви пренесуваме дел од нив. Нано Ружин: „Јас сум во дилема. Можеби тој форум може да послужи како некој вид форма на транзиција кон охрабрување на уплашените професори. Знаеме дека меѓу нив има и поливалентни, но...

Успешно изведени првите интервенции во новиот Центар за спинална хирургија

Осумгодишно девојче со сколиоза и со сериозен деформитет на ’рбетниот столб успешно е оперирано во новоформираниот Центар за спинална хирургија, кој функционира во рамки на Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје. Оваа прва ваква...

Ахмети: Враќањето на опозицијата во Собранието отвора пат за дијалог

Интеграцијата во НАТО и во ЕУ значи поголема стабилност за нашата земја и за регионот. Држава со поголема сигурност и стабилност е силна гаранција за добро развивање на економијата, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешното новогодишно обраќање во хотелот „Александар палас“ пред членството...

Професорите учат од студентите, и тие основаат „Пленум“

Реформите во високото образование ги натераа професорите да ги следат постапките на студентите. Утре, во 13 часот, на Филозофскиот факултет во Скопје, професорите што го потпишаа отвореното писмо до Владата и уште стотина други кои им се приклучиле ќе го основаат „Професорски пленум“. Денеска на социјалната...

Формална поделба на К15 во текстилната индустрија?!

Законски е почитувана нормата. Работниците го добија својот регрес за годишен одмор, но, според нивните изјави, кои немаат официјална потврда, парите пак се вратија во касите на фирмите. Текстилната индустрија, која вработува 40.000 луѓе, не е исклучок од другите компании, кои го применија овој...

Чија е камерата на „А1он“?

Советниците од владејачката партија во битолскиот Совет на денешната седница побарале да се отстрани камерата на „А1 он“ од салата, а од порталот да дадат потврда дали камерата е нивна, тврдат советници. Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, кој воедно е и портпарол на локалниот разгранок на партијата,...

Божикна навалица на јужните соседи во Охрид и во Струга

Убавото, сончево време и католички Божик, во крајезерските Охрид и Струга донесоа поголеми групи гости од соседството. Најмногу од Грција, но ги имаше и од Албанија. Репортерот на новинската агенција „Мета“, нивното присуство го регистрираше по шеталишето на езерскиот кеј, градското пристаниште, старата чаршија...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...