fbpx

Реакции за основањето „Професорски пленум“

-

Создавањето „Професорски пленум“ предизвика различни реакции кај професорите на социјалните мрежи.

Ви пренесуваме дел од нив.

Нано Ружин:

„Јас сум во дилема. Можеби тој форум може да послужи како некој вид форма на транзиција кон охрабрување на уплашените професори. Знаеме дека меѓу нив има и поливалентни, но подобро да се направи нешто отколку ништо. Ако се ориентираат провладино брзо ке бидат провалени. Впрочем ако ДПМНЕ решил да прави таква конструкција никој нема да ги спречи.Вака да видиме на што сме, можеби некој демократски бран и нив ке ги преобрази а верувам меѓу овие колеги постојат и вистински демократи. Едноставно неможеме сите да ги помножиме со нула.“

Мирјана Најчевска:

„Јас сум против професорскиот пленум заради тоа што мислам дека во моментов нема место за отворање на јавна расправа со власта. Во моментов има место само за рушење на оваа власт.  Треба или да си многу наивен или свесно и намерно да сакаш да ја отапиш острицата на протестот, па да се залагаш за преговори и договори со авторитарен режим. Што значи тоа – барање за учество во расправата на комисиите на Собранието? Кое Собрание? Она од кое излезе опозицијата? Или она кое се гордее дека е послушник на Груевски? Или она кое ги носи ситезакони по скратена постапка? Ма ајде немој да си играте играчки и немој да дозволувате да бидете заведени.Ќе преговарате со власта која во 21 век сака да воведе гумени куршуми? Ќе се договарате со кецарошчето кое ја одзеде автономијата на универзитетот? Мора да се концентрираме на симнување од власт на узурпаторите на власта и воспоставување на елементарни услови за воспоставување на демократијата, а не за преговарање и договарање околу нивото на прифатливост на диктатурата.“

Владимир Милчин:

„Се согласувам со Најчевска.“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...