четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: СтудентскиМарш | 30 резултати

Професорите учат од студентите, и тие основаат „Пленум“

декември 25, 2014

Реформите во високото образование ги натераа професорите да ги следат постапките на студентите. Утре, во 13 часот, на Филозофскиот факултет во Скопје, професорите што го потпишаа отвореното писмо до Владата и уште стотина други кои им се приклучиле ќе го основаат „Професорски пленум“. Денеска на социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави нова страница „Професорски пленум“, каде што […]

Груевски: Тие што учат нема да имаат проблем со државниот испит

декември 24, 2014

Кога Абдилаќим Адеми и Спиро Ристоски биле во Битола, Тетово, Штип и на Штуловиот универзитет, направиле неколку јавни расправи, добиле добри информации што ги вградиле во законот за високо образование, рече премиерот Никола Груевски во неговото гостување во вестите на „Канал 5“. Тој додаде дека на последната владина седница било договорено 20 отсто од испитите да не […]

Професори бараат да присуствуваат на расправата за законот за образование

декември 24, 2014

Група професори испратиле барање до Собраниската комисија за образование, наука и спорт и до претседателот на Собранието, во кое бараат дозвола претставници од академската заедница и претставници на „Студентски пленум“  да присуствуваат на седницата на Комисијата. Барањето на својот фејсбук-профил го објави професорката Билјана Ванковска и зад него стои истата група професори кои вчера упатија […]

Апсурд: Универзитетите ќе дебатираат за веќе изгласани закони

декември 23, 2014

И покрај протестите, револтот и несогласувањето на поголемиот дел од студентите и професорите, негативното мислење од домашната и странска експертска јавност, на 29 декември пратениците во Собранието ќе гласаат за пакетот мерки во образованието. Во денешниот број на дневниот весник  „Нова Македонија“  е објавен комерцијален оглас од 110 професори кои се потпишале на обраќањето во […]

Нов протест на студентите в петок

декември 23, 2014

„Изгледа дека она што Владата го подразбира под „јавна расправа“ е (консензуален) разговор на министрите и на премиерот пред камери. Покрај сите „јавни дебати“, свесно прекршување на законите, како и целосното игнорирање на „Студентски пленум“, како и на самите универзитети, ние не се откажуваме! Драги граѓани, студенти, професори, родители, средношколци, професори и пензионери, да не дозволиме […]

Студентите револтирани, најавуваат нов марш „наскоро“

декември 22, 2014

Протестите продолжуваат, студентите нема да се откажат, ниту по отворената седница на Владата на која едногласно се донесе одлуката да се воведе државниот испит, односно предлог-законските измени за образованието. Од „Студентски пленум“ велат дека нема да отстапат од нивните барања да не се воведе државниот испит и дека најверојатно повторно ќе излезат на протест. – […]

„Студентски пленум“: Можни се нови протести, но и бојкот на наставата

декември 16, 2014

Не се исклучува можноста од нови протести, но и бојкот на наставата ако Владата продолжи со истиот став за воведување државен испит на факултетите, истакнаа денеска на прес-конференција претставници на „Студентски пленум“. Студентите се револтирани од игнорантскиот однос на Владата и тврдат дека ќе побараат од шефот на државата Ѓорѓе Иванов да ги поддржи како професор и […]

Владата ги изненади сите: И факултетите и студентите засега без став

декември 15, 2014

„Студентски пленум“ на битоласкиот униврзитет денеска ги достави барањата и правната аргументација против државниот испит до Ректоратот на Универзитетот. Во барањата студентите пишуваат дека треба да се укине Студентскиот парламент бидејќи тој не ги претставува студентските права и поради неговата структура лесно може да биде под притисок. За концептот на државниот испит, студентите од Битола […]

Остри први реакции: Понижувачки се новите владини мерки во образованието

декември 14, 2014

Професорите остро реагираат на новите предлог-законски решенија што Владата ги донесе на вчерашната седница. Велат дека со новите мерки, власта само ја понижува академската јавност и дека народот мора да излезе и да се побуни затоа што водат кон распродавање на државата. Професорот Љубомир Цуцуловски вели дека овие промени за него биле очекувани, особено затоа што […]

Универзитетите уште калкулираат за државниот испит

декември 12, 2014

Факултетите ги користат последните неколку дена од изминувањето на рокот за да ги услогласат ставовите околу државниот испит. Голем дел од универзитетите веќе се изјаснија. Од штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ велат дека за нив не е прифатлив државниот испит. – Државата има право да спроведе државен испит и тука никој не може да се меша. […]

Масовноста на маршот ќе го потисне стравот од протести

декември 12, 2014

Масовната посетеност на студентскиот марш значи почеток на промените, преставува чекор напред да се потисне стравот што владее во Македонија, а студентите се движечка сила која може да ги поттикне и другите слоеви на општестовото. Ова е ставот на експертите кои го проследија маршот и го подржуваат правото на студентите да протестираат и слободно да […]

Владата и МОН молчат за средба со студентите

декември 11, 2014

Ниту од Владата ниту, пак, од Министерството за образование и наука денеска не одговараа на телефонските повици. По вчерашните протести на студентите и по барањето на „Студентски пленум“, досега нема стигнато ниту соопштение ниту, пак, какво било известување за можна средба со студентите. Стефан Видиков од „Студентски пленум“ вели дека ни тие досега не добиле […]

Адеми и Ристовски да поднесат оставки или Малчески ќе ги тужи

декември 11, 2014

Ристо Малчески, професор на ФОН, бара министерот за образование, Абдилаќим Адеми, и неговиот заменик, Спиро Ристовски, да си поднесат оставки од функциите. Реакцијата на професорот е поттикната од дописот што Mинистерството за образование го испратило до ФОН со барање да се произнесат за државниот испит. Професорот вели дека оваа власт му направила големи штети на образовниот […]

Владата да посочи релевантни анализи врз кои прави промени во високото образование

декември 10, 2014

„Владата сè уште не посочува релеванти анализи на проблемите во високото образование, нешто што сметаме дека е суштински важно за воведување ваква проблематична мерка. Владата и Министерството не покажаа напор да дискутираат со студентите. Министерот за образование неформално ја одби средбата со студентите, иако во неколкупати претходно имаше посочено дека е отворен за разговор“, напишаа […]

Правниот факултет го отфрли предложениот концепт за државен испит

декември 10, 2014

Деканската управа на Правниот факултет „Јустинијан Први“ вели дека идејата за воведување систем на дополнителна проверка на знаењата стекнати на високообразовните институции во Македонија е за поздравување, но понудениот модел е несоодветен да се вклопи во пошироките концепти на организирање на високото образование и на општествено уредување Македонија и дека има сериозни недостатоци. Во дописот […]

Момчето што го снимаше протестот со дрон,повикано на разговор во МВР

декември 10, 2014

„Студентски пленум“ на твитер-профилот соопшти дека од полицијата било приведенo момчето што го снимаше студентскиот протест со дрон од птичја перспектива. Наредната информација е дека момчето било пуштено, а снимките и дронот останале кај полицијата. Од МВР за „Мета“ ја потрдија оваа информација. „Момчето сo дрoнoт е приведен вo стaницa Кaрпoш. Притисoкoт прoдoлжувa нo немa дa успеaт […]

Студентски марш: Брзи реформи, слепи студенти раѓаат!

декември 10, 2014

Писмо со барања доставија студентите до Владата на Република Македонија на крајот на вториот студентски марш организиран од неформалната студентска организација „Студентски пленум“. И покрај притисоците, маршот беше масовен, со двојно повеќе присутни од првиот марш одржан на 17 ноември. – Главниот аргумент во писмото е дека предлогот се коси со автономијата на Универзитетот. Ние […]

Твитерџиите за студентскиот марш

декември 10, 2014

Социјалната мрежа „Твитер“ беше преплавена од креативни „твитови“ за денешниот студентски марш на кој присуствуваа повеќе илјадници граѓани. Кога возрасните се плашат да речат НЕ, тука се младите, има надеж!! #СтудентскиМарш #СтудентскиПленум — Баљум (@Steffito_G) December 10, 2014 Расположение на денот! :) #СтудентскиМарш pic.twitter.com/EmBHJq7Qmz — Мрмејд (@Mnemosynee_) December 10, 2014 Не е само за вас, […]

Кодекс на студентски марш: Аплаудирајте ако видите насилство

декември 10, 2014

Вториот студентски марш почнува денеска, точно напладне, пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а ќе продолжи кон Собранието и кон Владата на Република Македонија. Од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ објавија „Упатство за учество на марш“, во кое се вели дека доколку некој забележи говор на омраза, истакнување симболи или поттикнување насилство, да […]

„Студентски пленум“: Дојдете на маршот без партиски и национални симболи

декември 9, 2014

Утре, во 12 часот, пред платото на УКИМ ќе почне вториот студентски марш против предлогот на Владата да се воведе државен испит на факултетите. Студентите ќе маршираат од платото на УКИМ покрај Собранието и ќе го завршат маршот пред Владата на Република Македонија. Од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ повикуваат на мирен марш, без насилство […]

Страна 1 од 2