fbpx

Владата ги изненади сите: И факултетите и студентите засега без став

-

„Студентски пленум“ на битоласкиот униврзитет денеска ги достави барањата и правната аргументација против државниот испит до Ректоратот на Универзитетот. Во барањата студентите пишуваат дека треба да се укине Студентскиот парламент бидејќи тој не ги претставува студентските права и поради неговата структура лесно може да биде под притисок. За концептот на државниот испит, студентите од Битола велат дека онака како што е составен од Министерството за образование не е во согласност со Уставот, особено членот во кој е предвидена неповредливоста на Уставот.

– Држaвните институции повторно си дозволуваат да вршат сериозни промени во системот. Во согласност со доставеното предлог-решение, посебните услови за начинот и постапката за изведување на државниот испит за студенти, на предлог на Одборот за акредитација и за евалуација, ќе ги пропишува министерот за образование и наука. Начинот на формулирање на оваа идна надлежност на министерот, доведува до заклучок дека министерот ќе добие прешироки овластувања во директното одлучување – пишува во барањата на студентите.

На предлог-мерките што ги донесе Владата на седница во саботата, реагираа и од СДСМ. Од опозициската партија велат дека Владата и Министерството се исплашиле и затоа сакале да ги пресретнат факултетите кои секојдневно јавно кажуваа дека се против државниот испит.

– Од оваа причина се избрзаните, брзоплети, нелогични образовни измени од викендов, во коишто Владата го спакува и т.н. државен испит и ги пушти во недела попладне невешто да ги правдаат Абдилаќим Адеми и Спиро Ристовски. По дестилјадниот масовен студентски протест и недвосмислената широка поддршка, да се решиш насила да спроведуваш спротивен став значи само едно. Владата вчера објави дека влегува во пресметка со општеството. Со студентите, со наставниците, со професорите, со сите! Со тоа го покажаа својот страв од општествената свест – велат од СДСМ.

Опозициската партија побара Владата и Министерството за образование веднаш да ги повлечат новите необмислени измени и да престанат да носат одлуки без експертската јавност и спротивни на волјата на граѓаните на Македонија.

Досега на мерките сè уште не реагирале од „Студентски пленум“. Оттму велат дека сè уште ги разглеуваат новите предлог-мерки и оти не е фер да ги коментираат пред детално да ги разгледаат.

Претседателот на Синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, за „Мета“ изјави дека е најдобро да му се јавивме утре за да има време да ги разгледа одлуките.

Според информации од Министерството за образование, новите законски мерки кои вчера ги соопштија министерот Абилаќим Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски ќе бидат поставени на интернет-страницата на министерството, а факултетите и универзитетите ќе треба да се изјаснат за секоја предлог-мерка.

Професорката Мирјана Најчевска вели дека ова е обид на Владата да го минимизира мислењето на професорите и дека Владата сака „да отепа неколку муви со еден удар“.

– Џабе досега факултетите даваа свое мислење за државниот испит, сега ќе треба сè одново да прават. Мислам дека со ова ќе ги разединат професорите затоа што ќе треба да се разговара за неколку мерки и ќе биде потешко да се постигне консензус – изјави Најчевска.

А.Д.Г.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...