fbpx

Адеми и Ристовски да поднесат оставки или Малчески ќе ги тужи

-

Ристо Малчески, професор на ФОН, бара министерот за образование, Абдилаќим Адеми, и неговиот заменик, Спиро Ристовски, да си поднесат оставки од функциите. Реакцијата на професорот е поттикната од дописот што Mинистерството за образование го испратило до ФОН со барање да се произнесат за државниот испит. Професорот вели дека оваа власт му направила големи штети на образовниот систем. Во писмото во кое Малчески им се обраќа на Адеми и на Ристовски, вели дека од дописот на МОН произлегува дека студентите ќе полагаат државен испит и на втор и на трет циклус студии, а, според него, тоа е манипулирање на јавноста со тврдењето дека ќе се полага по втора и четврта година. Малчески смета дека ова е обид за подметнување кукавичко јајце.

– По реакциите во јавноста беше кажано дека испитот нема да важи за затекнатите студенти, што не е точно. Така, студентите кои оваа академска година завршуваат прв циклус, при нивното продолжување на студиите на втор циклус вршат нов упис на нов конкурс, па оттука произлегува дека само за оние кои следната година ќе запишат втор циклус нема да има државен испит, а за сите останати истиот ќе важи. Затоа Ве прашувам, од каде Ви е храброста граѓаните кои Ве избрале да ги сметате недоветни и на истите да им пласирате толку евтини манипулации? – пишува Малчески.

Малчески вели дека ако МОН не го докаже постоењето на извештајот според кој оценувањето во  некои факултети не одговарало со реалното знаење, а министерот не се извини за невистините тврдења, тој и други колеги од академската заедница ќе бидат принудени правдата да ја бараат на суд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...