fbpx
Таг: СтудентскиМарш

таг: СтудентскиМарш

Студентски марш: Брзи реформи, слепи студенти раѓаат!

Писмо со барања доставија студентите до Владата на Република Македонија на крајот на вториот студентски марш организиран од неформалната студентска организација „Студентски пленум“. И покрај притисоците, маршот беше масовен, со двојно повеќе присутни од првиот марш одржан на 17 ноември. - Главниот аргумент во писмото е дека предлогот се коси со автономијата на Универзитетот. Ние сме против одборот за акредитација...

Твитерџиите за студентскиот марш

Социјалната мрежа „Твитер“ беше преплавена од креативни „твитови“ за денешниот студентски марш на кој присуствуваа повеќе илјадници граѓани. Кога возрасните се плашат да речат НЕ, тука се младите, има надеж!! #СтудентскиМарш #СтудентскиПленум — Баљум (@Steffito_G) December 10, 2014 Расположение на денот! :) #СтудентскиМарш pic.twitter.com/EmBHJq7Qmz — Мрмејд (@Mnemosynee_) December 10, 2014 Не е само за вас, и за идните генерации, излезете покажете колку сме гласни!...

Кодекс на студентски марш: Аплаудирајте ако видите насилство

Вториот студентски марш почнува денеска, точно напладне, пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а ќе продолжи кон Собранието и кон Владата на Република Македонија. Од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ објавија „Упатство за учество на марш“, во кое се вели дека доколку некој забележи говор на омраза, истакнување симболи или поттикнување насилство, да му се даде групен аплауз,...

„Студентски пленум“: Дојдете на маршот без партиски и национални симболи

Утре, во 12 часот, пред платото на УКИМ ќе почне вториот студентски марш против предлогот на Владата да се воведе државен испит на факултетите. Студентите ќе маршираат од платото на УКИМ покрај Собранието и ќе го завршат маршот пред Владата на Република Македонија. Од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ повикуваат на мирен марш, без насилство и без истакнување на партиски...

„Студентски пленум“: Нашите барања ја надминуваат партијата

Од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ истакнуваат дека зад студентските протести не стои ниту една политичка партија и дека нема да дозволат да бидат прибрани под ниту едно „партиско милје“. „Би сакале уште еднаш да подвлечеме дека нема да дозволиме да бидеме прибрани под ниту едно партиско милје. Нашите барања ја надминуваат партијата, тие се нешто повеќе. Како значаен општествен сегмент, како...

Величковски: Да покажеме дека сме ја научиле лекцијата од нашата интелектуална иднина

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, упати повик до сите либерали, членови и симпатизери на партијата, како и до слободоумните и до партиски неопределените граѓани да присуствуваат на студентскиот марш во организација на „Студентски пленум“. „За 10 декември е закажан студентски марш во организација на „Студентски пленум“. Студентите се спротиставуваат на владиното решение за т.н. „екстерно тестирање во високото образование“....

„Студентски пленум“ доби поддршка од студенти од САД и од Србија

Асоцијацијата на студенти од Балканот на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ во САД ги подржаа ставовите на „Студентски пленум“ против најавените реформи во високото образование. Студентите од Србија, преку социјалните мрежи, почнаа да се организираат за поддршка на своите колеги во Македонија, против најавениот државен испит. Тие имаат намера в среда да излезат на протести пред македонската амбасада во Белград, во исто...

Втор студентски марш в среда, на Денот на човековите права

Неформалната студентска организација „Студентски пленум“ одлучи в среда, на 10 декември, да го одржи вториот студентски марш против одлуката на Владата да воведе државен испит на факултетите. Збирно место на студентите ќе биде платото на УКИМ во 12 часот. „Она што сите го очекуваа од последниот студентски пленум па сè досега е официјален датум и место за вториот студентски марш. Датумот...

Студентскиот марш го преплави „Фејсбук“

Маршот на студентите против екстерното оценување предизвика низа реакции на социјалните мрежи. Додека на Твитер известувањето од самиот настан и дискусиите се одвиваа преку хаштагот #СтудентскиМарш, низа корисници на Фејсбук од Македонија искажаа ставови преку статуси. Билјана Ванковска: „Денес беше собрано најдоброто и најумното од Универзитетот! Оние кои не се плашат од испити и кои се одлични студенти! Ако некој...

Студентски марш на 17 ноември

Студентски марш „Заедно против екстерното тестирање на факултетите Студентскиот пленум, по повод 17 ноември - меѓународниот ден на студентите, ќе организира голем студентски марш, преку кој студентите сакаат да го кажат нивниот став околу најавените реформи во високото образование. Настанот е организиран на социјалната мрежа „Фејсбук“. Во продолжение е целиот опис на настанот. „Овој студентски марш има идеја да го обедини студентското тело...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...