Студентскиот марш го преплави „Фејсбук“

-

Маршот на студентите против екстерното оценување предизвика низа реакции на социјалните мрежи. Додека на Твитер известувањето од самиот настан и дискусиите се одвиваа преку хаштагот #СтудентскиМарш, низа корисници на Фејсбук од Македонија искажаа ставови преку статуси.

Билјана Ванковска:

„Денес беше собрано најдоброто и најумното од Универзитетот! Оние кои не се плашат од испити и кои се одлични студенти! Ако некој мисли дека е ова само за уште еден-два испита, ништо не разбрал од суштината на студентското движење. АЛЕЛУЈА, ПОСТОИ“

Нина Атанасова Шкрињарик:

„Сите на МАРШИРАЊЕ!!! Студентите кои го следат изборниот предмет Митопоетика се ослободени од настава“

Ида Протуѓер:

„Среќа „реформиве“ не ги затупавеле студентите“

Златко Ориѓански:

 „Не верувајте, не верувајте на коментарите дека младината вака требала да излезе за некаква си одбрана на Македонија. Против кого?  За Кого?  Македонија е ограбена земја,Македонија е искршена на милион парчиња.Единството,фрлањето во канта на измислените за манипулација ,,големи национални прашања,ке значи наш пат кон Слобода, правда и еднаквост за СИТЕ“

Цветин Чилиманов:

„Не знам детали од планот, но во принцип екстерното се прави за студентите – да не можат проф. да лупаат оценки од ракав, за мито, секс…“

Љупчо Златев:

„Вака, ова е порака до сите студенти кои денес искрено ќе излезат да протестираат против екстерното тестирање, затоа што овој протест е горе-доле разбирлив. Ако видете активисти на СДСМ или пак СОРОСОвите организации кои сакаат да ви го украдат протестот, свиркајте по нив и бркајте ги. Истите тие успеаја во обидот да ги украдат протестите за убиството на Мартин Нешковски, инаку на почеток искрено иницирани. Истите тие ќе пробаат да си го придобијат и овој независен студентски протест и веќе се наѕираат нивните планови“

Стефан Богоев:

„Со оглед на фактот дека денес излегоа повеќе студенти на протест отколку што излегоа да го гласаат Кирил Спироски  за претседател на студентите, под итно да си поднесе оставка од функцијата и да ги остави студентите сами да си изберат вистински  студентски лидер“

Ивон Величковски:

„Сепак има Академски граѓани. Со големо А. Поефикасни од политиката со мало п“

Влатко Васиљ:

„Обединетите стоиме, поделени паѓаме“

Ина Многуфина:

„Која река е најдолга во МК? Студентската!“

Игор Узунов:

„Искрено денеска ми се врати вербата гледајќи ги сликите од маршот на студентите и поддршката што ја добиваат од повеќе страни! Денеска сум горд што овие млади луѓе се мои сонародници“

Амон Мра:

„Досега, неколку часови по протестот на студентите за кои успеа да известидури и српкиот јавен сервис РТС, ни буква за него во провладините медиуми. Туку, после очекуваиот медиумски демократски мрак и молк секако го чекам со нетрпение контрапротестот на задоволните студенти“

Повеќе за протестот прочитајте тука.

ЗНМ: Пресудата за Стојановски е чекор напред, но правдата за новинарите сè уште не е завршена

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје, со која се утврдува повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски од неделникот...

Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

Во пеколот на незамисливата загуба, таму каде што зборовите се губат во темната празнина, родителите на 62-та млади животи згаснати во кочанската трагедија побараа средба со премиерот. Не за да добијат...

ПРИЗМА: Обвинението за Koчани се однесува на 13 години пропусти и мито од 3.600 евра

Обвинението за кобната несреќа што се случи на 16 март во кочанската дискотека „Пулс“, е повеќе од само правен документ. Тоа е хронологија за нефункционирањето на цел еден систем, поради што...

Родителите на жртвите од Кочани тврдат дека Мицкоски им рекол да си „одредат цена за нивните деца“, во Владата тоа го негираат

„Одредете си цена за вашите деца“ - родителите на загинатите деца во Кочани, тврдат дека премиерот Мицкоски, токму со оваа реченица им се обратил на средбата која ја имале со него...

ЗНМ: Пресудата за Стојановски е чекор напред, но правдата за новинарите сè уште не е завршена

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје, со која се утврдува повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски...