fbpx

Студентски марш на 17 ноември

-

Студентски марш „Заедно против екстерното тестирање на факултетите

Студентскиот пленум, по повод 17 ноември – меѓународниот ден на студентите, ќе организира голем студентски марш, преку кој студентите сакаат да го кажат нивниот став околу најавените реформи во високото образование.

Настанот е организиран на социјалната мрежа „Фејсбук“. Во продолжение е целиот опис на настанот.

„Овој студентски марш има идеја да го обедини студентското тело во Македонија, да го истакне на проблемот околу (не)репрезентативноста на СПУКМ и да го поттикне студентскиот активизам. Во таа насока Студентскиот пленум го повикува секој студент што се чувствува обесправен да учествува во овој марш и со тоа да го покаже своето несогласување со најавената реформа. Ние сметаме дека одбраната на студентските права не е само потреба, туку е и обврска на секој студент! Затоа да се појавиме на овој марш, да ги одбраниме нашите права, а со тоа да покажеме дека студентите не се пасивна маса чија единствена цел е стигнување до парчето хартија наречено диплома, туку дека се свесни и активни чинители на едно општество и не дозволуваат да бидат обесправени во рамките на истото. Студентскиот пленум апелира студентскиот марш да биде мирен, со што ние како идни академски граѓани би го изразиле нашиот демократски капацитет.
Исто така, Студентскиот пленум смета дека на маршот секој треба да маршира како студент, а не како партиски полтрон, па затоа апелира секој присутен да се повикува на својата единствено значајна книшка – индексот!“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...