fbpx

Aдеми: Учениците и наставниците да не се плашат од националното тестирање 

-

Одговорните во Министерството за образование и наука анализираат од кога би го вовеле националното тестирање за учениците, кое ќе биде своевидна замена на екстерните тестови.

Министерот Арбер Адеми на со новинарите изјави дека заедно со Државниот испитен центар и Бирото за развој на образованието, ќе биде изготвен акциски план кој ќе биде претставен пред Владата, а ќе содржи чекори што треба да ги преземат институциите за да се реализираат препораките од последниот извештај на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Од тоа, рече Адеми, ќе зависи кога ќе почне да се применува тестирањето.

– Мнозинството земји членки од ОЕЦД , околу 30, имаат национално тестирање. Ќе лобирам документот со препораките од извештајот да се примени и во пракса. Резултатите од тестирањето би се искористиле за подобрување на образовниот систем, без да се создаваат стравови кај учениците и наставниците – рече тој.

Инаку во септември минатата година, заменик-министерот Петар Атанасов најавуваше дека работна група во МОН подготвува нов вид тестирање кое треба да го замени екстерното. Тој рече дека се планира учениците да бидат тестирани двапати во текот на основното образование. Едното тестирање треба да се спроведе во четврто одделение, а другото во деветто одделение. Рече дека моделот кој ќе се преслика кај нас е од Словенија. Уверуваше дека резултатите нема да влијаат ниту врз успехот на учениците, ниту пак ќе има реперкусии по наставниците.

Во Македонија до лани имаше екстерно тестирање. Го укина поранешната министерка Рената Дескоска. Претходната Влада го воведе како реформа, а се реализираше шест години по ред во основното и во средното образование. За овие тестови јавноста постојано реагираше.

Главно најбурни беа реакциите кои се однесуваа на тоа дека не може само преку еден единствен тест, да се проверат знаењата на децата и колку наставнците објективно оценувале. Екстерното имаше цел да покаже дали наставникот правилно го оценувал ученикот во текот на учебната година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...