fbpx

Владата да посочи релевантни анализи врз кои прави промени во високото образование

-

„Владата сè уште не посочува релеванти анализи на проблемите во високото образование, нешто што сметаме дека е суштински важно за воведување ваква проблематична мерка. Владата и Министерството не покажаа напор да дискутираат со студентите. Министерот за образование неформално ја одби средбата со студентите, иако во неколкупати претходно имаше посочено дека е отворен за разговор“, напишаа студентите во нивиот допис до Владата.

„Во предлогот од МОН се посочува дека при подготвувањето се целело да се зачуваат основните начала, меѓу кои влегува и автономијата на универзитетите, која е со Устав зашитена, но сепак таквата автономија несомнено се загрозува имајќи ја предвид содржината на самиот предлог. Во согласност со доставеното  предлог-решение, посебните услови и начинот на изведување на државниот испит за студенти, на предлог на одборот за акредитација и за евалуација, ќе ги пропишува министерот за образование. Начинот на формулирање на оваа идна надлежност на министерот, доведува до заклучок дека тој ќе добие многу пошироки надлежности и овластувања да одлучува за следниве прашања: Кој ќе ги составува прашањата за државниот испит? Врз основа на кој материјал? Како ќе се утврдува кој дел од материјалот е најсоодветен да биде поставен на државниот испит? Кое лице и на каков начин ќе ја утврди сложеноста на соодветните прашања?“ – прашуваат студентите во својот допис до Владата.

Студентите сметаат дека со давање вакви овластувања на министерот, директно се навлегува во автономијата на универзитетот.

Планирано е да се воведе ваков испит и за магистерски и за докторски студии, но според студентите со тоа само се девалвира вредноста на овие титули.

„Ова претставува новост во досега познатиот концепт на државен испит кој го предложи Владата и поради тоа е нејасен и треба да биде подложен на директни дискусии“, пишува во дописот на судентите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски го призна поразот на претседателските избори

Досегашниот претседател на државата Стево Пендаровски на прес-конференција изјави дека резултатите од претседателските се јасни и дека нема намера да ги објаснува, а додаде и дека „неговата совест е...