fbpx

Видливото мастило не е уставно

-

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на дел од Изборниот законик. Повеќето уставни судии сметаат дека обележувањето на десниот палец на гласачите со видливо мастило, претставува прекршување на Уставот, објави „Телма“. Како што објаснуваат, видливото мастило му овозможува секому да знае дали некој граѓанин гласал или не, а со тоа се нарушува начелото на тајност и на анонимност на гласањето.

– Во нашиот Изборен законик не се предвидени санкции за граѓаните што не сакаат да гласаат, па секој избирач има право по сопствена волја да одлучи дали ќе гласа или нема да гласа. Обележувањето се коси со уставното право за слобода на мислата, на уверувањето и на јавното изразување – рече судијата Владо Стојановски.

Судијката Наташа Габер Дамјановска потсети дека овој метод претставува добра безбедносна заштита во држави во кои е ниска довербата во изборниот систем. ОБСЕ и ОДИХР немаа забелешки за ваквата проверка при остварувањето на избирачкото право. Но, најважно е да се сочува тајноста на гласањето.

– Чување на тајноста не значи да се открие дали сум гласала, туку за кого сум гласала. Видливото мастило на палецот не ја повредува тајноста на процесот, туку достоинството на гласачот – рече судијката Гзиме Старова.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.