fbpx

Владата и МОН молчат за средба со студентите

-

Ниту од Владата ниту, пак, од Министерството за образование и наука денеска не одговараа на телефонските повици. По вчерашните протести на студентите и по барањето на „Студентски пленум“, досега нема стигнато ниту соопштение ниту, пак, какво било известување за можна средба со студентите.

Стефан Видиков од „Студентски пленум“ вели дека ни тие досега не добиле одговор на поканите за средби. Тој вели дека нема да се откажат и ќе протестираат сè додека Владата и МОН не се согласат да се сретнат со нив. Следен чекор на пленумот ќе биде трибината, која ќе се одржи утре.

– Темата на трибината ќе биде „Честите измени на законот – причина за лошиот квалитет на високото образование“. Ќе зборуваат професорите Билјана Ванковска, Небојша Вилиќ, Маја Бојаџиевска, Љубомир Цуцуловски и Дана Прелиќ, а потоа сите присутни ќе можат да поставуваат прашања. Поканивме професори кои се за и против државниот испит и ако успееме да ја аргументираме тезата дека реформите се причина за лошиот квалитет на образованието, тоа значи дека Владата е еден од главните виновници за оваа состојба. Сите заклучоци од трибината ќе ги објавиме, а ако институциите не прифатат да се сретнат со нас, ќе продолжиме да протестираме – вели Видиков.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...