„Студентски пленум“ организира марш в недела, во 13 часот

„Студентски пленум“ организира марш за да покажат дека нивните дејствувања и ставови се непоколебливи, натпартсики и секогаш на страна на студентите. Во соопштението објавено на нивната фејсбук-страница, пишува дека тие не застанале во борбата за исполнување на студентските барања и потреби. Маршот ќе почне во 13 часот, од платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

„Владата се осмели да ни застане на патот, да нè спречи во нашата борба преку покажување сила на нас, а воедно и да уапси наши колеги само затоа што го користеа своето уставно гарантирано право на протест и на искажување на својот став. Затоа, студентите ќе потврдат дека студентската сила е непобедлива и студентскиот дух непокорлив. Студентскиот интелект е моќ која ниедна влада не сака да ја има против себе. Недемократскиот, нетранспарентниот и одвратниот однос со кој секојдневно се соочуваме, нè натера да се насочиме кон подобрување на општеството и кон проширување на борбата на „Студентски пленум“. Склопот на информираност, интелект, аналитика, време, енергија, дух и искреност е нешто со кое ќе треба да се соочи Владата на Република Македонија“, пишува во соопштението на студентите.