„Студентски пленум“ им посака добредојде на бруцошите

На првиот академски ден, бруцошите беа пречекани од членовите на „Студентски пленум“ кои им посакаа добредојде, но им ги посочија и проблемите со кои ќе се соочуват низ студирањето. Од пленумот велат дека оваа година силно и моќно ќе се борат против студентските проблеми, а во наредниот период ќе одлучат за начините на кои ќе ја водат борбата.

– На 15 септември, на првиот академски час, „Студентски пленум“ одлучи да го оддржи и првиот пленумски час. Ние сакаме да ги запознаеме новите студенти, бруцошите, со проблемите со кои ќе се соочуваат наредните години за време на нивното студирање. Ние сме тука да ги интегрираме во „Студентски пленум“ и да порачаме дека ја продолжуваме борбата и оваа година силно и моќно против сите студентски проблеми како руинираните студентски домови, но и намалениот студентски стандард. Следејќи ја нашата хоризонтална структура, во наредниот период ќе одлучиме како да настапиме понатаму. За почеток можеме да кажеме дека најголемиот проблем се руинираните студентските домови во кои живеаат студентите, додека палмите имаат тушеви. Тоа за нас ќе биде примарен проблем. Исто така, проблем е и Студентскиот парламент, кој не сака да ги брани правата на студентите – вели Демијан Хаџи-Николов од „Студентски пленум“.