fbpx

„Студентски пленум“: Можни се нови протести, но и бојкот на наставата

-

Не се исклучува можноста од нови протести, но и бојкот на наставата ако Владата продолжи со истиот став за воведување државен испит на факултетите, истакнаа денеска на прес-конференција претставници на „Студентски пленум“. Студентите се револтирани од игнорантскиот однос на Владата и тврдат дека ќе побараат од шефот на државата Ѓорѓе Иванов да ги поддржи како професор и да придонесе за успешно реформирање на образованието.

– Одбиваме да дискутираме за реформи во образованието кои Владата ги наметнува на ваков инвазивен и недемократски начин. Остануваме категорично против мерката државен испит и нема да дискутираме за подобрување на високото образование сѐ додека таа не се повлече, бидејќи се коси со принципите на универзитетот како институција. Со игнорантскиот однос нè принудуваат да преземаме вонинституционални мерки – вели Христијан Давидовиќ од „Студентски пленум“.

Од пленумот велат дека ако се земе предвид последната прес-конференција на министерот и на заменик-министерот за образование, може да се заклучи дека Владата и понатаму ги игнорира аргументите и се обидува да го релативизира прашањето за државниот испит, нудејќи цел пакет мерки.

– Сметаме дека надлежните не само што ја повторуваат истата грешка, туку и го зголемуваат револтот кај студентите и општата јавност, нудејќи вакви провизорни решенија кои не навлегуваат во суштината на проблемот. Апелираме до синдикатите, образовните институции (средните и основните училишта) и до наставниците да се огласат по останатите предлог-мерки од доменот на средното образование, најавени од страна на ресорното министерство. „Студентски пленум“ ги разгледува можностите кои стојат на располагање за да се спречи усвојување на сега веќе предлог-законот. Меѓутоа, државните институции со својата суетност и инаетливост само стимулираат поголем антагонизам помеѓу државата и академската заедница, особено студентите, нѐ тераат уште помалку да веруваме во институционалната борба, нѐ принудуваат да излеземе на улиците – велат од пленумот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...