fbpx

Oбвинение за двајца полициски инспектори за случајот со трикратното убиство во Кавадарци

-

Јавното обвинителство Кавадарци поднело обвинителен предлог против двајцата полициски инспектори, обвинети дека при постапувањето по претходни пријави, не му го одзеле оружјето на кавадарчанецот Т.С. кој на 9 ноември изврши тројно убиство.

Како што информираат од Обвинителството, поведувањето на постапката е по кривична пријава поднесена од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, за кривичните дела несовесно работење во службата и непостапување по законот за оружје.

– Обвинетите, како службени лица вработени во МВР, Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кавадарци, подготвувајќи кривични пријави против лицето Т.С. од Кавадарци во одделни предмети, не постапиле по законот за оружје и не извршиле проверка дали осомниченото лице поседува дозвола за носење огнено поружје и дозвола за поседување огнено оружје. Иако кривичните дела со кои се товарело тогаш осомниченото лице укажувале на потешко нарушување на семејните односи, за кои имал и правосилна судска пресуда, сега обвинетите службени лица не презеле мерки за одземање на оружјето и не поднеле предлог за одземање на оружјето на осомничениот, стои во соопштението од јавното обвинителство.

Со истото оружје, осомничениот кавадарчанец на 9 ноември ги уби родителите и сестрата на својата поранешна сопруга.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...