fbpx

Во Охрид протестираа вработени од ЕМО, в четврток ќе дојдат во Скопје

-

Околу 200 вработени од АД ЕМО од Охрид и капитално поврзаните друштва, кои бараат да им се исплатат заостанатите триесетина плати, придонеси и да се регулира нивниот статус на вработени, денеска излегоа на протест. Тргнаа од Основниот суд, а потоа продолжија пред подрачните единици на фондовите за здравство и за пензиско осигурување, зградата на Општина Охрид, како и пред новите партиски простории на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

В четврток, на 25 декември, мирниот протест ќе го префрлат пред Владата и пред Собранието на Република Македонија.

– Немаме основни услови за работа, а згора на тоа не ни е обезбедена ниту работа. Исклучена е и струјата во ЕМО заради ненамирени долгови. Ние сме ни ваму, ни таму – велат вработените кои со пароли излегоа во центарот на Охрид.

Во ЕМО во моментов работат само четири одделенија. Поголемиот дел се ликвидирани, а за определени оддели на фирмата сè уште се водат стечајни постапки. Останаа само АД ЕМО, „Студии и проектирање“, МОНТ, како и „Производство“.

Вработените се на принуден привремен одмор и велат неизвесноста е голема, а полека умира и надежта дека нивните фирми ќе проработат. Нивното клучно барање е платите и придонесите да им се исплатат во пакет. Ако се постапи на овој начин, ќе се регулираат и правата на оние работници кои не го оствариле правото на паричен надомест до пензионирање или до соодветно вработување.

Претседателот на синдикалната организација на „ЕМО – Производство“, Миле Крстаноски, вели дека денешниот протест е резултат на тоа што надлежните немаат слух за нивните проблеми со неисплатените плати и не дале одговор иако ветиле дека до денеска, 22 декември, ќе добијат соодветно известување.

– За жал, администрацијата само ветува, а никогаш не исполнува. На 12 декември имавме прием кај министерот за економија. Му ги презентиравме сите проблеми со кои се соочуваме во ЕМО и капитално поврзаните друштва, така што не остана ниту еден детаљ што не му беше пренесен. Министерот даде ветување дека ќе формира група за да го испита финансиското работење на менаџерскиот тим во АД ЕМО и капитално поврзаните друштва. Ветено ни беше дека до денеска ќе добиеме каква било информација и затоа беше одложен нашиот протест во Скопје, кој го планиравме за 17 декември, но ние не до денеска не добивме никаква информација – појаснува Крстаноски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...