fbpx

Сметките за вода за фирмите од април само во електронска форма

-

Од 1 април идната година, јавните претпријатија да ги доставуваат сметките за вода за команиите само по електронски пат, предвидуваат измените на Законот за снабдување со вода за пиење.

Како што информира на отворената владина седница министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на тој начин компаниите ќе си заштедат време и пари. Граѓаните, пак, сами ќе избираат дали ќе сакаат по електронски пат, со што ќе се намали практиката да им се губат сметките.

– На овој начин, граѓаните ќе се осигураат дека сметките ќе ги добиваат навреме – вели Јанакиески.

Имено, на граѓните ќе им се понуди да пополнат формулар дали ќе сакаат по старо, односно по пошта да ги добиваат сметките или по електронски пат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...