fbpx

ВМРО-НП: ВМРО-ДПМНЕ трајно ги згази демохристијанските вредности

-

ВМРО-Народна партија реагира на маратонската дезорганизирана и крајно конфузна седница на Владата на Република Македонија, која ништо работно и функционално немаше на дневен ред освен саморекламирање. Зачудува фактот, велат од партијата, што оваа седница беше одржана во недела кога знаеме дека во сите религии еден ден е предвиден за одмор и е посветен на Господ. Според ВМРО-НП, во исламската религија тоа е петок, во јудејската сабота, а во православното христијанство, најголем грев претставува да се работи во недела, која ја симболизира радоста на Христовото воскресение и заради тоа е предвидена за одмор и за посетување верски храмови.

„Со овој чин, ВМРО-ДПМНЕ трајно ги згази демохристијанските вредности што таа ги промовира како нејзина основна политичка определба во својата програма, што е практика кај сите народни партии, со таа разлика што тие денот за одмор не го користат за замајување на јавноста. ВМРО-Народна партија, исто така, го повикува синдикатот да застане во одбрана на граѓанските права што произлегуваат од законот за работни односи на вработените кои беа ангажирани во организирање на седницата како секретари, потсекретари, советници, дактилографки, обезбедување, возачи и други стручни лица, со тоа што ќе им биде соодветно обештетен со двојна дневница узурпираниот ден предвиден за одмор“, стои во соопштението од партијата.

Очигледно, владините комисии и другите работни тела кои гарантираат законитост и исправност на доставениот материјал, стои во соопштението, за владини седници воопшто не биле ангажирани или нестручно ги подготвиле од што произлегува збунетоста и конфузноста на министрите кои мака мачеа да објаснат што содржат понудените законски решенија од нивните ресори.

„ВМРО-Народна партија прашува, како физички и психички истоштените министри од непотребната маратонска седница ќе можат да одговорат на многубројните работни задачи што треба да ги извршуваат во деновите кои, според закон, се предвидени како работни“, се заклучува во реакцијата на ВМРО-НП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...