fbpx

Македонската и полициите на уште три европски земји во конечна пресметка со „Франкфурт-мафија“

-

Голема криминална група, која внесувала и продавала хероин во земјите од ЕУ, е разбиена во заедничка акција на полициите од четири европски држави. Уапсени се речиси 400 осомничени членови на групата и запленети се 100 килограми хероин и помали количества кокаин, марихуана и пари во текот на истрагата, која траела од 2010 година, соопшти Европол.

Во операцијата учествувале полициите на Австрија, Германија, Холандија и на Македонија, од каде биле регрутирани членовите на групата.

Криминалната група оперирала од нејзините бази во Австрија, Германија и во Македонија, внесувајќи големи количества хероин во ЕУ, преку т.н. „балканска рута“, и диструбиирајќи ја дрогата во повеќе европски земји.

Поединечните истраги на полиците резултирала со апсење и со обвиненија против главните осомничени, кои биле мозок на групата, но поради нејзината организација, таа успевала брзо да се врати и да ја реизгради својата наркомрежа.

Заедничката истрага решила да ѝ зададе коненчен удар на групата, кој кулминирал кој крајот на оваа година, информираат од Европол.

Истрагата била фокусирана на поголем број криминални групи кои соработувале и оперирале заедно, надвор од Македонија. Тие имале цел да дистрибуираат висококвалитетен хероин по многу ниски цени во Европа и да внесуваат големи количества дрога, особено во Австрија и во Германија.

Криминалната група била многу добро организирана, со строга хиерархија во која никој од членовите не знаел кој се и што работат другите членови, особено оние на високите позиции.

Членовите, главно, биле регрутирани од Македонија и биле носени во Виена и во Франкфурт, каде имале строго дефинирани улоги. Главната карактеристика на групата била строгата организација, поделбата на работата и добро организираните процедури.

Заедничката истрага била насочена на трајно уништување на криминалната организација во Македонија и на нејзините ќелии во Виеина и во Франкфурт.

Европска Унија е значаен пазар за наркотици, вклучувајчи го и хеоринот, кој стигнува, главно, од Авганистан преку границите на Иран и на Пакистан. Од границата со Иран, хероинот се пренесува во Турција и стигнува во Европа преку т.н. балканска рута.

Гилем дел од хероинот транзитира преку Бугарија, преку Македонија, Словенија до Италија или до Австрија или, пак, преку Македонија и Албанија до Италија. Друг крак од рутата води преку Романија, Унгарија до Словачка, Чешка или до Полска, а потоа до Австрија и до Германија.

Една третина од организираните криминални групи во ЕУ оперираат со производство и со дистрибуција на дрога. Наркопазарот во Европа, кој се проценува на милијарди евра, се оценува како високопрофитабилен, поради што шврецот и трговијата со дрога и понатаму остануваат значајна закана.

Вредноста на пазарот на опијати во ЕУ се проценува на 12 милијарди евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...