fbpx

И функционерите ќе плаќаат придонеси за дополнителен приход

-

Јавноста навикна Социјалдемократскиот сојуз да се испречува на секоја позитивна мерка, без разлика колку е корисна за граѓаните, особено за работниците, а со извртување на тезите, сака да ги манипулира работниците, се вели во реакцијата од Министерството за труд и социјална политика за ставовите изнесени на прес-конференцијaта на СДСМ околу законот за хонорарците.
„Со стапување на сила на законските измени кои предвидуваат плаќање придонеси за хонорарните работници, ќе се елиминираат голем број проблеми. Оваа владина мерка предвидува договорите на дело и авторските договори да влезат во системот на задолжително осигурување, односно да се плаќаат придонеси и за лицата ангажирани на ваков начин и има цел да ја зголеми социјалната сигурност на граѓаните, да се заштитат работничките права, да се создадат услови секој работник да биде платен за работата што ја работи и да му бидат платени придонесите од задолжително социјално осигурување. Оваа мерка е насочена кон заштита на работничките права, кон поголема социјална сигурност на работниците и кон давање права и можности работниците да бидат осигурени, односно да бидат дел од задолжителното осигурување“, се вели во реакцијата од МТСП.

Оттаму додаваат дека сите избрани и именувани лица, односно носители на јавни функции кои ќе остварат дополнителен приход, врз основа на авторски договор или договор на дело, исто така подлежат на задолжително плаќање социјални придонеси за сумата што ја заработиле, што значи дека и функционерите се опфатени со мерката.
„Исклучоците кои се прават врз основа на авторски договор и на договор на дело се однесуваат само на пензионерите кои имаат авторски договори за дело. Сите останати, кои остваруваат приходи врз основ на вакви договори, ќе плаќаат социјални придонеси и за авторските договори“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...