fbpx

Отворен Музејот на дејците на ВМРО во Штип

-

Премиерот Никола Груевски денеска го посети Штип, каде присуствуваше на отварањето на Музејот на дејците на ВМРО од Штип и од Штипско и оствари работна посета на новиот далекувод на МЕПСО, кој ќе се протега од Штип до македонско-српската граница.

– Ретко се наоѓаат вакви места во кои се родиле и вдомиле толку многу познати револуционери, војводи, комити и останати дејци од илинденскиот и од постилинденскиот период. Секое камче во Ново Село крие своја историја, своја приказна и свое значење. Тргнувајќи од познатото новоселско училиште, продолжувајќи преку црквата „Света Богородица“, месноста Кај јаворот, преку разните улици, мостови, леџите, црквата „Свети Спас“, гробовите, бистите, поединечните куќи, познати или непознати семејства од штипско Ново Село – рече Груевски.

Груевски, заедно со менаџментот на МЕПСО, го посети новиот 400-киловолтен далекувод, кој ќе биде поставен на 168 челично-решеткасти столбови на траса долга 70 километри, од Штип до македонско-српската граница во близина на Куманово. Вредноста на овој проект е 9,7 милиони евра. Со овој преносен вод се воведува електроенергетска врска со Република Србија, која ги зголемува капацитетите за пренос на електрична енергија и ја зголемува доверливоста на електроенергетските системи на регионално ниво.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...