fbpx

Поткуп, скандали и видеоленти во Грција

-

Нов политички хаос владее во Грција по скандалот и по обвинувањата на пратеникот на Независни Грци, Павлос Хаикалис, за обид за купување гласови за изборот на претседател. По најавата на грчкиот премиер Андонис Самарас дека му подготвува тужба на Хаикалис за клевета поради обвинувањата дека лично Самарас стои зад обидот за поткуп, денеска Апостолопулос излезе со свои обвинувања во кои тврди дека целиот разговор во видеозаписот бил наместен за да се разобличи политичката неетичност на Хаикалис.

Според Апостолопулос, кој денеска беше на распит во грчкото обвинителство, тој лично се обидувал да го наведе Хаикалис да признае дека сака и би прифатил поткуп за да му покаже на првиот човек на партијата, Панос Каменос, дека има во своите редови пратеник со политичка етика еднаква на нула. Според Апостолопулос, Хаилакис во нивните разговори неколкупати истакнал дека му требаат пари и го водел разговорот во насока дека би прифатил поткуп. Поради тоа и тврди дека целиот разговор од видеозаписот, кој стигна и до грчкото обвинителство, а за кој Хаикалис тврди дека покажува разговор каде му се нуди поткуп од два-три милиони евра за да гласа за кандидатот на Нова демократија и на ПАСОК, во суштина, бил обид да се покажат вистинските бои на пратеникот на Независни Грци.

По испитот на Апостолопулос, грчкото обвинителство ги повика Хаикалис и Каменос утре на нов распит.

Невозможно е да се разбере дали навистина имало обид за поткуп, дали тој ќе бил прифатен, дали бил режиран за да се покаже лојалноста на пратениците од Независни Грци или сè е еден голем театар за да се освојат повеќе гласови предизборно.

Веродостојноста на видеоснимката се испитува во грчката полиција, а првите шпекулации од извори од полицијата во медиумите се дека снимката може да е монтирана.

Климата на политички хаос уште повеќе ја влошија тврдењата на двајца независни пратеници дека можно е и други пратеници да биле потплатени, бидејќи некои од нив биле против мерките за штедење, а во првиот круг гласале за Ставрос Димас.

Политичките аналитичари го гледаат целиот овој хаос како речиси сигурен знак дека се оди кон предвремени избори и секоја партија ја води својата предизборна битка.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...