fbpx

Здружението „Лесја Украинка“ протестира за доаѓањето на Лавров во Скопје

Од „Лесја Украинка“ решително протестираат против владината одлука за прием на својата територија на меѓународен злосторник

-

Здружение на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ изразува решителен протест во врска со најавената посета на земјата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој планира да учествува на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Тие се незадоволни од владиното образложение за пристигнувањето на Лавров во Скопје.

„Иако од Владата тврдат дека доаѓањето на Сергеј Лавров во Скопје нема да значи неговото доаѓање во билатерална посета на Македонија, туку во земја домаќин на ОБСЕ, сепак сметаме дека во кое својство и да доаѓа шефот на надворешно политичка институција на Русија, најважно дека тој ја води институцијата на една терористичка земја која веќе скоро 2 години секојдневно уништува мирни населени места и врши геноцид на украинското население. Кај нас предизвикува револт самото негово доаѓање во Македонија каде ќе се поздравува со неговите раци до лакти замачкани во крв на илјадници невини Украинци со негови колеги од европските земји“, велат од „Лесја Украинка“.

Тие додаваат дека членки во ОБСЕ како Руската Федерација ја доведуваат во прашање угледот и иднината на организацијата.

„Сакаме да нагласиме дека ние високо ја цениме досегашната помош и поддршка на Украина од страна на Македонија на секое поле, но за нас не ни е разбирлив и не е прифатлив аргумент дека владината одлука за прием на Сергеј Лавров е диктитрана со тоа што Македонија претседавач на ОСБЕ и „треба да се направат разлики меѓу билатералниот и мултилатералниот карактер на посетата, а Скопје е само местото каде ОБСЕ е овој пат“, а одлуката на Македонската Влада е донесена според одлуката на ЕУ по однос на санкциите према Русија: „со исклучок на настани поврзани со ОБСЕ, со други меѓународни организации“, додаваат од „Лесја Украинка“.

Тие решително протестираат против таквата владина одлука за прием на својата територија меѓународен злосторник, на којшто вистинското место му е во Хаг, а не на иста маса со почитувани шефови на надворешнополитички институции на цивилизирани земји и очекуваат македонските граѓани да го поддржат нивниот став и револт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...