fbpx

Променливо облачно со снег на планините

-

Времето претпладне ќе биде облачно, со услови за слаб дожд во северните и во западните делови од земјава, а на планините со услови за слаб снег. Утринската температура ќе се движи од -3 до 4 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне 11 степени. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурата. Попладне врнежите ќе престанат и ќе има разведрување.
Во Скопје се очекува слично време, со максимална дневна температура до 10 Целзиусови степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...