Од следната година ќе поскапат цигарите

Цигарите од 1 јули следната година ќе поскапат за 0,15 денари по парче или за околу три денари за една кутија. Во согласност со календарот за зголемување на акзицата за цигарите, по три денари за една кутија ќе се зголемува цената на цигарите до 1 јули 2016 година, а во наредните седум години цигарите ќе поскапуваат за околу четири денари за една кутија секоја година.
Кутија цигари која денес чини 60 денари, следната година ќе чини 63 денари, а во 2023 година ќе чини 94 денари.