четврток, 11 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: цигари | 36 резултати

Високи казни и комплицирани одредби во Предлог-законот за заштита од пушење

јануари 13, 2026

„Текстот на Предлог-законот за заштита од пушење нема многу членови, но она што го карактеризира се многу широки рестрикции во врска со пушењето и продажбата на производи наменети за пушачите, како и високи прекршочни казни. Но и систем на порамнување, односно отстранување на последиците од прекршокот за физичките лица, доколку се решат на овој начин да го „платат“ прекршокот, а покомплициран систем на можност на договарање со државата пред нова комисија, што е предвиден за правните лица“, пишува Вистиномер во написот кој го пренесуваме во целост. 

Алиу: Од целата популација 50 отсто се зависни од цигари, половина користат електронски цигари, и огромен број се деца до 16 години

јануари 13, 2026

Азир Алиу потсети дека предлог-законот за заштита од пушење, кој предвидува драстични заострувања на државната политика кон пушењето цигари и тутунските производи, е објавен на електронскиот национален регистар за прописи (ЕНЕР)

40 oтсто од младите до 18 години се пушачи, а прва цигара палат на 13

октомври 2, 2025

Четириесет отсто од младите до 18 години пушат цигари. Затоа податоците од анализите се алармантни и треба да работиме на превенција на овие лоши навики, а не да имаат претстава дека новите производи што се нудат на пазарот, како електронски цигари, се некоја безбедна варијанта што нема да им пречи. Новите студии покажуваат дека и […]

Кривична пријава за петмина вмешани во мрежа за шверц на цигари

август 5, 2025

Царинската управа, преку секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со акцизна стока – цигари, соопштија оттаму. „Против пет лица, меѓу кои еден возач и еден сопственик на транспортна компанија, до Основното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава за сторени кривични дела – криумчарење и прикривање стоки кои се предмет на […]

Средношколци учеа зашто не треба да пушат електронски цигари и тутун

април 24, 2025

Предавање на тема „Штетни ефекти од употребата на тутун и тутунски производи по здравјето на децата од училишна возраст“ се одржало вчера во средното училиште „Д-р Панче Караѓозов“. Предавањето било резултат на заемна соработка меѓу Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) од Скопје и училиштето „Д-р Панче Караѓозов”. „Предавањето имаше за цел […]

ИЈЗ отвори Центар за откажување од пушење цигари

ноември 8, 2024

Во Институтот за jавно здравје од неодамна започна да функционира Центар за советување за откажување од пушење, информираат оттаму. „Имаме телефонска линија за советување, преку која целта е да г поддржи граѓаните во пеоцесот на откажување од пушењето. Квалификувани стручни лица нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето. Линијата ќе биде достапна […]

Цариниците заплениле патики, алат и цигари

август 6, 2024

За време на продолжениот викенд и во текот на вчерашниот ден царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење на разна стока и тоа 62 пара патики, 37 парчиња рачен алат штрафилици, 5 парчиња брусалки, 7 парчиња батерии со полнач, запленети на влез во државата на граничен премин Табановце, соопштија во Царинска управа. „Непријавената стока е […]

Нов Зеланд сепак нема да ги забрани цигарите

ноември 27, 2023

Новоизгласената влада на Нов Зеланд најави дека нема да ја имплементираат политиката подготвена од претходната влада за „генерациска забрана“ за купување  цигари за сите родени во 2009 година или подоцна, известува Гардијан. Новата конзервативна влада тврди дека ја повлекува забраната за цигари за да се компензира за кратењето на други даноци. Во 2022 година се […]

Од утре цигарите поскапуваат за 5 денари

октомври 12, 2023

Од утре цигарите ќе имаат нова цена – тие поскапуваат за 5 денари, а тоа е резултат на стапување на сила на измените на Законот за акцизите, донесен пред неколку дена. Со законските измени се очекува во буџетот да се внесат околу 13 милиони евра годишно. Повисоки цени ќе имаат и пурите, несогорливите тутунски производи […]

СЗО: Половина од македонските граѓани пушат во просек по 18 цигари на ден

мај 26, 2023

Најновите истражувања, кои беа презентирани денеска, повторно го потврдија фактот дека С. Македонија е една од земјите со највисока преваленца на пушење тутун во европскиот регион на Светската здравствена организација. Речиси половина од возрасната популација пуши редовно цигари, а 70 отсто од нив започнале да пушат на возраст до 21 година. Пушачите, просечно пушат по […]

[ФОТО] Не помина ни месец, една од кутиите за отпушоци во Тетово украдена, другите преполнети со отпад

февруари 23, 2022

Не помина ниту еден месец откако активистичката асоцијација „Мултикултура“ од Тетово на неколку места во градот ги постави „гласачките кутии“ за собирање на отпушоците од цигари, а веќе една од нив недостасува, додека останатите се  преполни со секакви отпадоци, освен со отпушоци од цигари. Мета.мк на терен забележа дека една од кутиите веќе ја нема […]

Нов Зеланд планира да создаде генерација на непушачи до 2027

декември 9, 2021

Нов Зеланд во една од најригорозните мерки за борба против тутунската индустрија во светот планира да им забрани на младите луѓе да купуваат цигари во текот на нивниот живот, тврдејќи дека другите напори против пушењето траат премногу долго, пренесе Ројтерс. Според законот кој се очекува да биде донесен до крајот на 2022 година, сите родени […]

Апелацискиот суд Штип изрече нов притвор за градоначалникот на Ново Село

јули 30, 2018

Апелацискиот суд суд во Штип ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство Струмица на укинувањето на мерката притвор за градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, и останатите осудени и им изрече притвор до правосилноста на пресудата. Во средата Основниот суд во Струмица го осуди актуелниот градоначалник на Ново Село на година и пол затвор, а […]

Поднесено обвинението против градоначалникот на Ново Село и соучесниците

јули 18, 2018

Основното јавно обвинителство Струмица денеска до судот доставило Обвинителен предлог против градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев, неговата сопруга, синот и двајца соучесници и ги гони за криумчарење. Притоа, за четиримина од обвинетите е поднесен предлог за продолжување на притворот. Обвинетите се товарат дека на 10 јули 2018 година, избегнувајќи ја царинската контрола, пренесувале […]

Министерот Љупчо Николовски договорил помош од Русија за Фитосанитарната инспекција

февруари 5, 2018

Во рамки на официјалната тридневна посета на Москва, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имал работна средба со министерот за земјоделство на Руската Федерација, Александар Ткачов, на кој се разговарало и за експертска помош од страна на Русија за македонската  фитосанитарна инспекција, согласно потпишаниот Меморандум за соработка, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство […]

„Империал тобако“ ќе го зголеми oткупот на тутун за 9 проценти

јуни 14, 2017

Тутунската индустрија во Македонија е една од носечките во македонската економија и постојаното инвестирање го зголемува потенцијалот за развој на сите субјекти во синџирот, од производителите до дистрибутерите и до продажбата. Ова денеска го порача претседателката на управниот одбор на „Империал тобако“ за Јадранскиот Регион, Пиа Барборич-Јурјашевич. Денеска беше претставена инвестицијата од 1,8 милиони евра […]

Трошоците за живот се зголемени минимално

јуни 7, 2017

Трошоците за животот во мај во споредба со истиот месец лани се зголемиле за 1,2 отсто, објави Државниот завод за статистика. Минимално зголемување на трошоците има и во однос на претходниот месец, од 0,7 отсто. Зголемувањето на трошоците е забележано кај свежото и разладеното овошје за 13,2 проценти, свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 12,6 […]

Македонците пушат по 18-19 цигари дневно, четврти сме во светот

април 19, 2017

Македонија е при врвот на листата од 184 земји според потрошувачката на цигари и се наоѓа на високото четврто место. Според табелата на „Википедија“, пред нас се само Црна Гора, Белорусија и Либан. Според слободна проценка на директорот на пазар за Македонија, Косово и за Албанија на „Империал тобако“, Кирил Величковски, пак, Македонците пушат по 18-19 […]

„Империал тобако“: Поскапувањето на цигарите беше интерна одлука

април 19, 2017

„Врз последното поскапување на цигарите влијаеше пристапот на нашата компанија кон пазарот, нејзино позиционирање и градењето на портфолиото. Во овој случај акцизата не беше фактор кој влијаеше на промената на цената“, одговори директорот за корпоративни и за правни работи на „Империал тобако“, Стеван Вранеш, на новинарско прашање во врска со последното поскапување на дел од […]

Цигарите ќе поскапат за три денари од 1 јули

јуни 28, 2016

Цигарите ќе поскапат за три денари од први јули, како резултат на зголемување на акцизата за три денари по кутија. Зголемување на цената на цигарите последен пат беше направенo во февруари годинава, кога цигарите поскапеа за пет денари. Ова поскапување од први јули е за последен пат годинава, а од следната година цигарите ќе поскапуваат […]

Страна 1 од 2