Поскапува бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95

Цените на останатите нафтени деривати ќе останат исти

Фото: Мета.мк

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска донесе одлука со која цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 од ноќеска на полноќ ќе биде повисока за два денара. Цените на останатите нафтени деривати ќе останат исти.

Од денеска на полноќ ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 83 денари.