fbpx

Групата на Красниќи осудена на 58 години затвор

-

Кондовецот Агим Красниќи и неговите соработници, Кривичен суд ги прогласи за виновни дека подготвувале тероризам во 2005 година. Тие се осудени дека го држеа Кондово под опсада. Иако две години подоцна групата беше ослободена, денеска судот им изрече речиси 58 години затвор на десет обвинети.

Според пресудата, оваа група во Кондово заеднички подготвувала извршување на тероризам и со намера да ја загрозат безбедноста на РМ, сериозно се заканиле со предизвикување акт на насилство, со тоа што во месноста Борови во Кондово, во ровови и во бункери, облечени во воени униформи и наоружани со 10 автоматски пушки, една снајперска пушка, два митралези, еден раечен фрлач на гранати, рачен ракетен фрлач, шест рачни фрлачи, демонстрирале начин на користење оружје, вршеле снимање и набљудување делови од Скопје и околината, создавајќи чувство на несигурност и на страв кај граѓаните.

Агим Красниќи веќе издржува казна во штипскиот затвор поради спречување изборен процес и киднапирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...