fbpx

СДСМ: Зошто буџетите на фондовите за пензиско и за здравствено осигурување се празни?

-

Новите законски решенија ќе доведат до тоа работодавците да настојуваат да ги спуштат договорите за дело под минималната плата за да ги избегнат дополнителните плаќања за здравствено и за пензиско осигурување, рече на прес-конференција Мила Царовска, претседателката на Kомисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

– На овој начин, голем број граѓани не само што ќе останат без пензиско и здравствено осигурување, туку ќе добијат и пониски примања. Затоа Ставрески не може да ги оправда овие законски измени сè додека не најде начин да ги обврзе или стимулира работодавците да издвојат дополнителни средства за осигурување на ангажираното лице или да ги трансформираат авторските договори во договори од редовен работен однос – рече Царовска.

Таа додаде дека со овие решенија, се обврзува некој кој веќе има стекнато право (преку плаќање придонеси за платата), повторно да плаќа за истото право, без притоа да добие никаква услуга плус.

Од СДСМ ја прашуваат Владата дали навистина мисли да ги ослободи функционерите од плаќање придонеси за договорите на дело и за авторските договори.
– Ако е така, тогаш власта треба да ја објасни оваа дискриминација, на пример, зошто некој кој ќе отиде на неколку состаноци во управни одбори на некои претпријатија, како, на пример, „Македонски пошти“, во којшто членуваат дипломати и универзитетски професори, нема да треба да плати придонеси на хонорарот, додека некој кој работи цел месец под договор на дело за 12.000 или 13.000 денари, треба да плати придонеси – вели Царовска.

Според неа, единствена цел на власта со овие законски измени е да собере повеќе пари од граѓаните за да ја пополни огромната дупка во фондот за ПИОМ, што сега изнесува 22 милјарди денари или колку платите, придонесите и надоместоците за целата државна и јавна администрација во една година.
– А сите ние прашуваме зошто буџетите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и на Фондот за здравствено осигурување се празни? Каде отидоа нашите пари? Кој одлучи да ги троши на свои приоритети без да ги праша граѓаните? – рече Царовска, која додаде дека според СДСМ, решението е во прогресивните даноци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...