fbpx

Втор саем за проектот „Купи куќа, купи стан“

-

Во трговскиот центар „Рамстор“ во Скопје се одржува вториот саем посветен на проектот „Купи куќа, купи стан“, организиран од Министерството за финансии. На саемот, освен министерството учествуваат банки, градежни компании и компании поврзани со домување. Тие на штандови даваат информации за заинтересираните граѓани, кои сакаат да дојдат до сопствен дом преку поволностите што ги нуди владиниот проект.

– Овде ќе биде нашиот дом којшто го отвораме за граѓаните, за Министерството за финансии, банките и сите фирми што продаваат станови по цена пониска од 900 евра за еден квадратен метар или што нудат куќи, да ги дадат информациите за граѓаните да можат да се информираат, да се консултираат, да разберат какви се условите за купување стан или за изградба на куќа, да видат какви се условите за кредит и колку државна помош во вид на неповратни субвенции можат да добијат. Се работи за исклучително висока помош. Со проектот „Купи куќа, купи стан“ граѓаните можат да добијат до 14.000 евра неповратна помош за да го решат прашањето на сопствен дом – изјави министерот за финансии Зоран Ставрески.

Саемот ќе трае до 28 декември, а на последните два дена ќе се организира целодневна забава со доделување награди. Сите посетители на саемот тие два дена можат да добијат награди доколку донесат 10 пликоа со 20 фискални сметки за учество во „Фискална во рака, награди без мака“. Сите пликоа што ќе се донесат во „Рамстор“ ќе учествуваат во наградното извлекување на 29 декември, за стан, дуќан или автомобил во „Фискална во рака, награди без мака“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...