fbpx

Во ковид центрите во земјава се лекуваат 1.296 пациенти, има слободни 150 болнички кревети

-

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.296 и во моментов има околу 150 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 873 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болни, а во Куманово 119 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 128, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 39 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 69 пациент, во Кочани 18, во Кичево 21, Кавадарци 46, во Гевгелија 16 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Од Министерството за здравство додаваат дека во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.

„Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“ велат од ресорното министерство.

Во ковид центрите во главниот град пак, во изминативе 24 часа хоспитализирани се 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 443 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје.

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември“ појаснуваат од МЗ, од каде додаваат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна подршка

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, двајца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, четворица болни се хоспитализирани на Клиниката за дерматовенерологија, еден пациент на ОРЛ, тројца на Клиниката за нефрологија и двајца на Клиниката за очни болести.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти, а шест на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациенти со симптоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 16 пациенти, а на ОРЛ 26 болни.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти, од кои 7 деца и 21 возрасен.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 10 оздравени пациенти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.