Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 548 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Мета.мк“ претходно извести дека минатиот месец изречени над 18.500 казни за неносење заштитна маска на лицето, додека пак во текот на октомври регистрирани се близу 24 илјади прекршоци по овој основ.
Од Министерството за внатрешни работи исто така информираат дека при сообраќајните контроли во текот на вчерашниот ден само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 314 санкции.
Полициските службеници во изминатото деноноќие изрекле 38 мерки за возење без возачка дозвола, 14 за нерегистрирани возила и 11 санкции за технички неисправни возила за јавен превоз. Воедно изречени се 15 казни за непридржување на законските ограничувања за возач-почетник, 5 санкции за управување под дејство на алкохол, 30 за некористење сигурносен појас, 23 мерки за користење на мобилен телефон.
Во текот на вчерашниот ден полицијата регистрирала 54 за непрописно паркирани возила, 34 возила се подигнати со „пајак“, а напишани се и 21 санкција за неносење заштитна маска.
Од МВР најавија дека ќе продолжат сообраќајните контролите и во наредните денови. До граѓаните апелираат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.