fbpx

Нови 984 случаи на ковид-19, оздравeле 631 пациент, починале 24

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.995 тестирања, а регистрирани се 984 нови случаи на ковид-19. Од нив во Скопје се забележани 398 нови случаи, Куманово-47, Дебар-11, Штип-46, Прилеп-59, Тетово-44, Струга-15, Велес-32, Битола-46, Охрид-28, Кавадарци-29, Гостивар-46, Гевгелија-22, Струмица-24, Крива Паланка-3, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-11, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-2, Берово-15, Валандово-2, Виница-1, Делчево-26, Кратово-4, Свети Николе-8, Кичево-22, Ресен-11, Неготино-15.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 631 оздравени пациенти од: Скопје-264, Куманово-45, Штип-34, Прилеп-45, Велес-38, Битола-51, Кавадарци-18, Гевгелија-4, Струмица-26, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-9, Пробиштип-4, Демир Хисар-5, Македонски Брод-8, Валандово-3, Виница-3, Свети Николе-17, Кичево-30, Ресен-7 и Неготино-12.

Починати се 24 лица, дванаесет пациенти од Скопје (75, 64, 60, 71, 69, 79, 36, 35, 70, 61, 74, 80г), двајца од Куманово (62 и 77г), еден пациент од Струга (73г), еден од Велес (76г), тројца од Битола (60, 81 и 55г), еден од Охрид (63г), еден од Струмица (56г), еден од Крива Паланка (53г), еден од Кочани (42г) и еден пациент од Кичево (65г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 67.311, бројката на оздравени пациенти е 42.872, на починати е 1901, а бројот на активни случаи изнесува 22.538.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...