Воведена нова авиолинија Скопје-Киев, овој месец започнуваат и летовите кон Абу Даби

-

Денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски заедно со генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак и амбасадорот на Украина во Р.С. Македонија, Наталија Задорожњук, присуствуваа на воспоставување на првата авиолинија Киев – Скопје преку компанијата Виндроуз. Како што рече министерот, воспоставувањето на оваа линија е од огромно значање и за двете земји, бидејќи се отвораат бројни можности за унапредување на соработката во делот на економијата, туризмот, културата, инвестициите, како и други области што се од заеднички интерес.

„Иако овој сектор е силно погоден од корона кризата, сепак успеваме онаму каде што државите ги олеснуваат протоколите за влез и излез, да воспоставиме нови или да ги одржиме веќе воспоставените авиолинии. Воспоставувањето на оваа линија од токму доказ за тоа. Авиолинијата Киев – Скопје е само потврда на нашата добра соработка со Украина“ изјави министерот Бочварски, кој упати честитки до авиокомпанијата Виндроуз, што се одлучила да ги стави токму Скопје и РСМ на својата мапа на дестинации.

Бочварски исто така најави дека од 16 овој месец ќе се воспостави и авиолинијата кон Абу Даби преку авиокомпанијата Визер.

За следната година од буџетот на Министерството предвидени се 69 милиони и 500 илјади денари за финансиска поддршка за нови авиолини. Очекуваме дека земјите полека ќе ги ослободуваат мерките од Ковид, а ние постепено ќе го вратиме авиосообраќајот на ниво од претходните години, истакна министерот за транспорт и врски.

„Мета.мк“ и претходно пишуваше дека ковид-19 за неколку месеци успеа да го сруши деценискиот раст на авиосообраќајот во земјава. Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев во интервју за „Мета.мк“ посочи дека најголемо негативно влијание во однос на воздушниот сообраќај имаат едностраните мерки за заштита од ширењето на ковид-19 кои ги преземаат државите. Авиосообраќајот не трпи национални прописи, односно еднострани применувања на мерки, како што се: забрани, карантини, изолации, ПЦР тестови и слично.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...