fbpx
Таг: загадување на воздухот

таг: загадување на воздухот

Загадувањето на воздухот од централите на јаглен убива повеќе од милион луѓе секоја година

Загадувањето на воздухот од производство на електрична енергија на јаглен е одговорно за повеќе од 1 милион смртни случаи на глобално ниво секоја година. Околу 390.000 луѓе починаа во 2018 година само како последица од загадувањето со честички во воздухот, се посочува, меѓудругото, во најновиот извештај „Одбројувањето на Лансет“. Ова истражување открива некои застрашувачки статистички податоци за тоа како климатската...

МЖСПП: Во Битола вонредни мерки поради загадениот воздух

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), според прописите со кои е одредено при загадување со ПМ10 честички, поточно при надминување на вредноста од 163 mg/m3 во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза, соопшти дека вакво надминување е констатирано на мерното место Битола 2. Поради тоа, во Битола стапуваат на сила краткорочните препораки и мерки во...

Инспекторат за животна средина: Институтот за физикална терапија гори мазут во дотраен котел

Според инспекторите на Државниот инспекторат за животна, Институтот за физикална терапија и рехабилитација лоциран во скопската населба Капиштец, гори мазут во дотраен котел и работи без елаборат за животна средина, кој е задолжен да го поседува. Вонредната контрола која ја извршиле инспектори од Државниот инспекторат, заедно со инспектори за животна средина од Градот Скопје и од Дирекцијата за заштита...

Мерки и препораки немаше, ветерот и врнежите ги расчистија високите концентрации на ПМ 10

Ветерот и врнежите ги расчистија високите концентрации на ПМ 10, кои минатата недела беа регистрирани во неколку градови во земјава. Загадувањето во Скопје, Кавадарци, Куманово и Битола неколку денови по ред беше со екстремно високи концентрации на ПМ 10 кои ги надминуваа праговите на информирање и алармирање. И покрај тоа, заради поволната временска прогноза, Министерството за животна средина одлучи...

Пеш или на велосипед кога е чисто, во автобус кога е загадено се најдобрите опции за што помала изложеност на ПМ честички

Пешачење или возење велосипед е најдобрата опција за движење кога загадувањето на воздухот е мало, но и обратно, тоа се најризичните изложувања на ПМ честичките кога аерозагадувањето е во високи концентрации, покажува истражувањето експертски тим на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип во соработка со Центарот за климатски промени, во кое се испитуваше персоналната изложеност на загадување на луѓето на...

„Пејпер мил“ ќе мора да работи или на плин или да стави клуч додека не инсталира филтри

Загадувачот „Пејпер Мил“ од Кочани, доколку на следното мерење на емисиите во воздухот кое е закажано за два дена, на 30 декември, се докаже дека и понатаму ги надминува граничните вредности, ќе мора да престане да го користи котелот на пелети и да премине на плин или пак, ќе мора да стави клуч на врата и да не работи...

Скопје вечерва завиено во густа магла и високо ниво на загаденост (галерија)

Вo густа магла и со околу 155 мг на метар кубен ПМ10 честички главниот град Скопје го дочека Божик според Грегоријанскиот календар, или попознат како католички Божик. Улиците низ центарот на градот се главно празни со ретки минувачи кои се чини дека брзат да се вратат во своите домови. Атмосферата во строгиот центар повеќе наликува на сцена од некој...

Депонијата во Визбегово и понатаму се полни и гори, инспекторите откриле камион со отпад од Шуто Оризари

Камиони од Шуто Оризари кои фрлале отпад во дивата депонија во Визбегово биле откриени од инспекторите на Државниот инспектопрат за животна средина кои вчера извршиле вонреден надзор. Депонијата во Визбегово е еден од најголемите еколошки проблеми на градот и голем загадувач на воздухот, со оглед на тоа што постојано гори. Инспекторите на лице место констатирале дека капијата, која мора...

Порталб: Пријавувањето на загадувачите во Тетово само преку формулари, како во минатото

Пријавувањето на загадувачите на животната средина во Тетово е како во минатото, односно, загадувач не може да се пријави во дигитален формат, па дури ни по телефон. Во случај да се сведоци на „злосторство“ против природата, граѓаните треба да одат лично во зградата на општинскиот инспекторат, и тоа само до 16 часот. „E-report” не функционира, пишува Порталб.мк. Но, ако не...

На погон во Штип ќе му се одземе Б-интегрираната дозвола, горел гума и пластика без заштита

Државниот инспекторат за животна средина бара од Општината Штип да ја одземе Б- интегрираната дозвола на погонот за горење гуми и пластика САНС-АГ, заради непочитување на обврските од дозволата и сериозно загадување на воздухот и почвата. Инспекторите, во вонредна контрола во фирмата, која била направена по преставка на Министерството за одбрана, за да се утврди влијанието на работата на...

Нема пари во Буџетот за 2021 година за нови осум инспектори за животна средина, прифатени два амандмани на О2 Иницијатива

Само два амандмани поднесени по препорака од О2 Иницијатива се прифатени во расправата за Буџетот за 2021 година во Комисијата за финансирање и буџет. Тоа се амандманите за акредитирање на државна лабораторија, но само за испитување на ПМ 10 честички, како и амандманот за ажурирање на Катастарот на загадувачи и загадувачки супстанци во воздухот. Предлогот на екологистите, во буџетот...

Во Австрија се размислува за снижување на даноците за корисниците на велосипед

Предлог за повисоки даноци за сопствениците на автомобили, коишто го загадуваат воздухот и бонуси за луѓето што на работа одат со велосипеди ќе биде тема на разгледување на австриската влада утре, јави австрискиот весник „Стандард“. Темата за еколошките мерки е многу чувствителна за необичната владина коалиција од конзервативци и „зелени“, но сепак сериозно се размислува за посилно „удирање по џебот“...

Министерот за животна средина Нуредини: Полицискиот час покажа дека голем процент од загадувањето доаѓа од транспортот и индустријата

Признавајќи дека сепак е далеку целта поставена со Планот за чист воздух за Скопје, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека во борбата за почист воздух треба да се направат уште многу контроли и проверки. Нуредини потенцира и дека за разлика од претходниот став на власта, полицискиот час,...

Загадувачите, преку јаглеродната такса, треба да ја финансираат зелената економија

Ќе се воведува ли такса за загадувачите со јаглероден диоксид, како еден од изворите за справување со климатските предизвици во земјава и еден од ефикасните начини за транзиција кон производство на незагадувачка енергија? Министерството за животна средина сè уште размислува дали ќе се прифати една од европските практики, кои во последните години се покажа како многу успешен и сериозен...

Загадувањето на воздухот ќе се мери на четири места околу депонијата со згура од Топилница

Општина Велес ќе го контролира загадувањето околу депонијата со троска на некогашната Топилница, додека траат градежните работи за ископување и транспорт на минералната суровина. Емисиите на прашина ќе мора да се мерат на четири мерни точки, а загадувањето не смее да го надминува законски максималниот утврден лимит од 50 микрограми на кубен метар прашина. Според условите кои општинските власти ги...

„Дрисла“ од следниот месец престанува да гори медицински отпад

Првите количини медицински отпад на скопската депонија „Дрисла“ ќе почнат да се стерилизираат уште летово. Новата постројка што ја набави депонијата ќе стартува со работа следниот месец, што ќе значи конечно напуштање на постапката за горење на отпадот што го создаваат центрите за Ковид 19, но и сите други медицински установи во земјава. Инсенераторот на „Дрисла“, во кој досега...

Од Нова година, нов данок за увоз на стари возила

Од почетокот на следната година се воведува нов данок за увоз на автомобили со примената на новиот Закон за данок на моторни возила, најави министерката за финансии Нина Ангеловска. Мерката има за цел да се намали аерозагадувањето предизвикано од сообраќајот. Износот на оданочувањето ќе зависи од тоа колку увезеното возило загадува. Електричните автомобили се изземени од данокот, за хибридните возила...

Аднан Ќахил одамна предупреди дека дел од отровните супстанци во ОХИС може да протечат

Екс-министерот без ресор во владата на премиерот Заев, Аднан Ќахил, кој беше член на работната група за справување со проблемот со линданот, а воедно и поранешен главен инженер во ОХИС, уште на почетокот на годинава во интервју за „Мета“ предупреди дека во фабриката има многу отровни супстанции, кои можеби се добро складирани но тоа не значи дека не треба...

Гостивар целиот во чад, пожарот на депонијата Русино сè уште активен

Пожарот на депонијата Русино сè уште е активен поради непристапниот терен што е резултат на изведувањето градежни работи на оваа локација. Огнените јазици викендов создадоа облаци од чад над Гостивар, кои во комбинација со топлото време им создаваат големи потешкотии во животот на жителите од овој град. Како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), тие уште викендов...

Владата најави субвенции до 3.000 евра за замена на стари возила со нови

Со измените на законот за возила еколошките налепници што ќе ја означуваат еколошката категорија на возилото нема да бидат задолжителни, рече министерот за економија Крешник Бектеши денеска, презентирајќи ги најновите измени на законот за возила што вчера беа изгласани во Собранието. Тој рече дека целта на измените на законот е да се намали загадувањето на воздухот од сообраќајот. Поради...

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...