Фото: Арбнора Мемети

Вo густа магла и со околу 155 мг на метар кубен ПМ10 честички главниот град Скопје го дочека Божик според Грегоријанскиот календар, или попознат како католички Божик. Улиците низ центарот на градот се главно празни со ретки минувачи кои се чини дека брзат да се вратат во своите домови. Атмосферата во строгиот центар повеќе наликува на сцена од некој морничав хорор филм, отколку на оптимистична празнична приказна.