fbpx
Таг: загадување на воздухот

таг: загадување на воздухот

Дивата депонија кај Шутка: Едни ја чистат, други ја полнат, трети ја палат – а сите се гушат

На просторот од 170.000 квадратни метри, кој се наоѓа на 5 километри од Скопје започна чистењето на досега исфрленото ѓубре, но за жал, паралелно продолжува и фрлањето отпад. Просторот за кој зборуваме е дивата депонија над населбата Шуто Оризари и селото Визбегово, која постојанo или самата се запалува или некој ја пали, а е опкружена со ниви засадени со...

Извештајот на ЕК порачува да се вложат повеќе пари за борба со аерозагадувањето

Државата има добри закони и стратегии од областа на заштитата на животната средина, но нема капацитети да ги примени, и тоа најмногу се чувствува кога се во прашање квалитетот на воздухот, заштита на водите, како и управувањето со отпад. Ова е еден од заклучоците поврзани со екологијата во проценката за напредокот на Република Северна Македонија, кои произлегоа од Извештајот...

Граѓански организации на меѓународен суд ќе ја тужат државата и Скопје за загадувањето

Четирите граѓански организации - Прва детска амбасада во светот– Меѓаши, „Радар“, „Зелен институт“ и ,,Новинари за човекови права” подготвуваат тужба кон државата и Град Скопје пред домашните и меѓународни судови поради загадувањето на воздухот. Во исто време, овие четири организации покренаа петиција наречена „Нула толеранција за аерозагадувањето“. - Ја повикавме и меѓународната заедница да помогне во борбата за живот и решавање...

Еколошките налепници за старите возила заглавија поради уставните измени (видео)

Поради целата постапка со донесувањето на уставните измени во Собранието, во заден план беше турнат Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за возила, кој предвидува неколку промени, меѓу кои и еколошка категоризација на возилата. Од Министерството за економија, предлагачот на законот за „Мета“ одговорија дека се очекува наскоро повторно да влезе во собраниска процедура, односно да продолжи пленарната седница...

Богдановски: Ќе ги ловиме дивите откупувачи на суровини, заради нив се палат кабли и отпад

Шест месеци откако директно од Државниот инспекторат за животна средина дојде на чело на Градскиот инспекторат, се чувствува раздвижување посебно кога се работи за инспекции на помалите загадувачи. Со првиот човек на Градскиот инспекторат, Мирослав Богдановски, зборуваме за предизвиците, за алатките во борба против загадувачите, за социјалната димензија на загадувањето. Инициравте промена на Правилникот за граничните вредности на загадувачите по...

Град Скопје распиша јавен повик за субвенции за инвертер клима уреди

Град Скопје распишa јавен повик за субвенционирање на инвертер клима уреди и други современи уреди за затоплување на домаќинствата, како уште една од мерките за борба против аерозагадувањето. За оваа намена во буџетот на Градот се предвидени 20 милиони денари. За секој купен инвертер клима уред, секој граѓанин којшто ќе ги исполни условите за субвенционирање ќе има можност да добие половина...

В петок еко-активисти ќе го блокираат патот за Дрисла, протестираат против загадувањето

Еколошки активисти собрани околу иницијативата „Здружени за чист воздух“ во петок во периодот од 12.05 до 12.20 часот ќе го блокираат пристапниот пат кон скопската депонија Дрисла. Од „Здружени за чист воздух“ информираат дека блокадата, што ќе се одвива под мотото „15 минути за чист воздух“ е предупредувачки протест со цел да се сврти вниманието на надлежните кон проблемот со...

Скопје денеска најзагаден град во светот

Сервисот „Ер Вижуал“ кој постојано ја следи состојбата на загадувањето на воздухот во големите градови во светот претпладнево го стави Скопје на врвот на светската листа, со индекс од 217 според AQI. По Скопје е Дака, Бангладеш, со индекс 189, па Чонгќинг во Кина со иста вредност. Подолу, со индекс 186 е Вухан, Кина, па Калкута со 166. Индексот AQI се...

Партиите подалеку од нас, велат организаторите на утрешниот протест против загадувањето

Ние сме загрижени млади луѓе кои ниту се поддржани од партии, ниту имаме намера да стануваме партија туку се обидуваме како граѓани да дадеме свој придонес да се реши проблемот со загадувањето. Досега имавме можност да видиме колку сегашните институции се спремни да ја решаваат алармантната состојба со загадувањето на воздухот и решивме да ги повикаме граѓаните самите да...

Шилегов: До крајот на годинава нов концесионер и модернизација на Дрисла

Град Скопје формирал нова комисија која треба да изврши повторна евалуација на понудите на компаниите и во склад со неа да се направи нов избор на концесионер на Дрисла. Ова за „Мета“ го потврди градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој очекува за многу скоро време комисијата да си ја заврши работата и на Советот на Град Скопје да му...

Распустот нема да продолжи, од утре сите на школо

Министерството за образование и наука соопшти дека од утре учениците се враќаат на настава. Распустот беше два дена продолжен поради загадувањето на воздухот. „Согласно препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, а имајќи ги во предвид и препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух, Министерството за образование и наука информира дека...

Град Скопје од 18 часот го укинува бесплатниот јавен превоз

Од Град Скопје информираат дека по добиените информации од Министерството за животна средина дека среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање, денеска од 18 часот ќе бидат укинати вонредните мерки меѓу кои e и бесплатниот јавен превоз, како и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 20 јануари...

Од утре нема да важат мерките за заштита од загадувањето што ги воведе Владата

Мерките и препораките за заштита од загадувањето што ги воведе завчера Владата, од утре престануваат да важат бидејќи концентрациите на ПМ10 честичките се под дефинираниот праг на алармирање од 200 микрограми на еден кубен метар, соопштија денеска од Владата. Во соопштението се наведува дека прагот за алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 микрограми...

Аерозагадувањето и пругата кон Бугарија на дневен ред на владина седница

Владата денеска ќе ја одржи 116-та редовна седница, која ќе биде отворена со презентација на приоритетите на Романија за време на претседателството со Советот на Европската Унија, што ќе ја одржи амбасадорот на оваа земја во Република Македонија, Виорел Станила. Министрите потоа ќе расправаат за донесувањето одлука во врска со информацијата за потребата од обезбедување на финансиски средства за реализација...

Детската клиника и болницата во Козле – полни со деца со респираторни заболувања

Клиниката за детски болести како и Институтот за белодробни заболувања Козле, се полни со пациенти. Во овој период од годината, преовладуваат респираторните дијагнози а една од причините е енормно загадениот воздух. - Болницата е полна. Имаме 130 пациенти кои се хоспитализирани и околу 30 кои се во дневна болница, a вкупно капацитетот е околу 180 места - информира за ,,Мета"...

Повторно ќе се делат субвенции за печки на пелети во Скопје

Градот Скопје денеска објави нов јавен повик за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети. Вакви повици за субвенции имаше неколку во последните неколку години. Ваквиот потег е со цел да се стимулираат граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување, за да се намали загадувањето на воздухот. Сите...

Владата одвои 1,59 милиони евра за животна средина и борба против аерозагадувањето

На својата вчерашна 114. седница, Владата ја усвоила  предлог-програмата за инвестирање во животната средина за 2019 година. „Покрај програмата за инвестиции од 130,8 милијарди денари, за оваа програма обезбедени се 98 милиони денари (1,59 милиони евра). Дел ќе се наменат за поддршка на мерки и активности за намалување на загадување на воздухот со спроведување на постапка за јавна набавка. Останатиот...

Од 8.000 до 20.000 евра казни за четири загадувачи во Скопје по вонредните контроли

Во месец декември инспекторите за животна средина на Град Скопје извршиле осум вонредни контроли во индустриски објекти кои се под ингеренции на градот при што биле утврдени пречекорувања на емисиите на штетни гасови кај четири од нив, стои во Информацијата што ја изготви градскиот Инспекторат за активностите на инспекциите поврзани со справувањето со аерозагадувањето. Загадувачите, чии имиња Градскиот инспекторат не...

Освен линдан, во ОХИС има жива, пестициди, ПВЦ во прав и други отровни супстанци

На територијата на поранешната фабрика ОХИС со големина од еден хектар, освен илјадници тони канцероген линдан, складирани се и други отровни хемикалии на кои мора итно да им се најде чаре, велат за „Мета“, од неколку надлежни институции. Во ОХИС има жива, други пестициди, киселини и ПВЦ во прав, вели за „Мета“, Аднан Ќахил, кој до неодамна беше министер без...

Ќахил: За да се уништи канцерогениот линдан треба многу пари, знаење и организација

Линданот е многу опасна супстанца која се наоѓа на неколку истражени и неистражени депонии во Скопје, вели во интервју за „Мета“, довчерашниот министер Аднан Ќахил, кој, додека го правевме интервјуто беше министер без ресор, а Собранието вчера го разреши на барање на премиерот Зоран Заев. Денеска тој не сакаше да го коментира разрешувањето, ниту да предвиди како, каде и дали...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...