fbpx
Таг: загадување на воздухот

таг: загадување на воздухот

На депониите со линдан им нема крај: На просторот на ОХИС има и трета?

На територијата на фабриката ОХИС постои и трета депонија, покрај малата и големата, на која е можно да има складиран линдан, вели за „Мета“ министерот без ресор за странски инвестиции Аднан Ќахил кој е дел од работната група формирана од Владата за решавање на проблемот со линданот и воедно е поранешен вработен во фабриката ОХИС од 1984 до 1987...

Дивата депонија со канцероген линдан во Драчево ќе се огради до крајот на годината

Министерството за животна средина и просторно планирање, до крајот на годината ќе го огради просторот во Драчево на кој постојат сомневања дека се наоѓа дивата депонија со 8.000 тони линдан кој потекнува од фабриката ОХИС, потврди за „Мета“, државната секретарка во Министерството, Ана Петровска. Таа вели дека откако вчера „Мета“ објави за постоењето на дивата депонија, алармирана била Владата и...

Необележана депонија со 8.000 тони канцероген линдан од ОХИС ја труе околината на Драчево

Во околината на Драчево, во месноста Пеленица, постои илегална депонија на која се наоѓаат неколку илјади тони токсичен отпад линдан, потврдуваат за „Мета“ од Министерството за животна средина. Депонијата, е необележана, неоградена и не постои знак кој информира дека на тоа место се наоѓа токсичен канцероген отпад кој влијае и на животната средина, но и на човековото здравје. Линданот на...

Како Софија се бори со загадувањето: Данокот за возила ќе се плаќа според еко-стандардите

Софија вчера го пушти во употреба онлајн-калкулаторот со кој сите жители-сопственици на возила ќе може да пресметаат колкав годишен данок ќе платат за своето возило врз основа на новововедената законска одредба за еко-стандардот. Бугарскиот парламент на 7 ноември годинава ги донесе долгонајавуваните измени, со кои воведе повисок данок за старите автомобили и камионети со вкупна тежина до три и пол...

Бошњаковски: Од УХМР најавија ветер, затоа не беа активирани мерките за загадувањето

Иако загадувањето го надмина прагот на алармирање, мерките не беа активирани поради прогнозата за засилен ветер, вели портпаролот на владата Миле Бошњаковски кој на „Твитер“ сподели информации добиени од Министерството за животна средина. Од здружението „Скопје смог аларм“, објавија дека минатата недела имало ПМ10 загадување над 200 микрограми на кубен метар на четири мерни станици во Скопје во четири различни...

Филипче: Внесувајте храна богата со витамини за заштита од загадувањето на воздухот

Сите институции се насочени кон спроведување на мерки коишто ќе придонесат за намалување на загаденоста на воздухот, рече Министерот за здравство, Венко Филипче кој заедно со Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје денеска одржаа прес-конференција на којашто ги посочија препораките и советите на здравствените власти за заштита на граѓаните од загадувањето на воздухот. Филипче советува да се ограничи движењето...

Надлежните препорачуваат ограничени движења на отворено поради аерозагадувањето

На мерните станици Скопје – Бутел, Центар, Карпош и Ректорат, Кичево, Куманово, Миладиновци, Струмица, Битола 1, Тетово и Кавадарци е надмината вредноста на ПМ10 честичките од 100 микрограми на кубен метар во текот на два последователни дена, при што Министерството за животна средина ги извести Институтот за јавно здравје, Државниот инспекторат за животна средина, Град Скопје и единиците за...

Не може да се активираат итните мерки за загадувањето без мерните станици во Лисиче и Гази Баба

Нефункционалните мерни станици за загадување со ПМ10 честички во Лисиче и Гази Баба ја оневозможуваат Влада на Република Македонија да ги активира интервентните мерки против аерозагадувањето, велат од „Скопје смог аларм“. „Согласно уредбата, доколку среднодневната концентрација на ПМ10 честички е над 200 микрограми на кубен метар во два последователни денови во најмалку две мерни станици во Скопје, тогаш стапуваат на...

Власта и опозицијата се препукуваат, граѓаните дишат отров

Синоќа речиси сите мерни станици на Министерството за животна средина покажаа неколку пати поголемо количество на канцерогените ПМ10 и ПМ2,5 честички. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека е виновна што граѓаните се гушат од енормното загадување на воздухот, а од СДСМ велат дека Владата заедно со сите надлежни институции активно работи на надминување на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето. „Концентрацијата на опасните...

Макрадули вечерва на „Фејсбук“ ќе одговара на прашања за загадувањето

Денеска во 20.30 часот на „Фејсбук“ страницата „План за чист воздух“, граѓаните ќе можат да му поставуваат прашања од доменот на борбата против загадувањето на воздухот на заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули и тој ќе одговара на нив во живо. Прашањата, исто така, ќе можат да бидат поставувани и преку „Твитер“, со користење на хаштагот #ЗаЧистВоздух. Оваа информација беше...

Тетовските средношколци протестираа против загадувањето на воздухот

Група тетовски средношколци денеска го изразија незадоволството од состојбата со аерозагаувањето во градот со мирен протест на градскиот плоштад, од каде се упатија до Општина Тетово. Велат дека локалната власт не презема никакви мерки за подобрување на состојбата и ако продолжи така, ќе почнат со бојкот на наставата. -Надлежните за седум дена да преземат конкретни мерки или ќе почнеме со...

За власта „Планот за чист воздух“ ќе донесе резултати, опозицијата му предвидува дебакл

Загадувањето на воздухот е проблем на сите и тој мора да се решава заеднички со низа мерки затоа што е проблем на цела заедница беше заклучокот на јавната расправа во Собранието за загадувањето на амбиенталниот воздух. Дебатата започна со политички препукувања помеѓу власта и опозицијата, на што еко-активистите порачаа дека на граѓаните им е преку глава од меѓусебните обвинувања на...

Наместо вонредна, миењето на улиците треба да стане редовна мерка против загадувањето

Град Скопје би требало да размисли околу воведување на зачестени миења на улиците во Скопје како мерка за намалување на аерозагадувањето секогаш кога тоа ќе го дозволат временските услови, велат надлежните од Градот, појаснувајќи дека во моментов миење на улици се практикува „само вонредно, по потреба“. На прашањето на „Мета“ зошто почесто не се применува оваа мерка кога таа може...

Давање еколошки налепници без мерење е промашена мерка, реагираат екологистите

Техничките служби, во јавноста познати како служби за хомологација, ќе ги доделуваат еколошките налепници за возилата врз основа на документите и годината на производство, а не со мерење на издувните гасови, велат од Министерството за економија. Ова е одговор на прашањето на „Мета“ како ќе изгледа самата постапка за еколошка категоризација, за која има многу нејаснотии, бидејќи предлог-законот што ја...

Димитровски: Дизелите и неодржувањето се главни виновници за загадувањето од возилата

Иако транспортот не е доминантен загадувач на воздухот со цврсти честички, фактот што е значително пораснат процентот на автомобили со дизел мотори во земјава не треба да се пренебрегне, предупредува д-р Даме Димитровски, вонреден професор на Машинскиот факултет во Скопје и раководител на факултетската лабораторија за мотори со внатрешно согорување. Дополнително, вели тој, мора да се земе предвид амортизацијата...

Осумдесет отсто од дизелот го трошат камиони и автобуси (инфографик)

Половина од возилата кои се учесници во сообраќајот возат на дизел, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Дизел користат над 90 отсто од автобусите, 80 проценти од товарните возила и 48 отсто од автомобилите регистрирани во Македонија. „Речиси 80 отсто од дизел горивата кои се продаваат во Македонија се користат во транспортниот сектор, во тешките товарни возила и автобусите....

Предлог-законот за еколошките налепници утре на прво читање во Собранието

На 106-та седница, Законодавно-правната комисија на Собранието утре ќе го претресе во прво читање најновиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила, со кој се воведуваат неколку новини како дел од посеопфатните мерки за намалување на загадувањето на воздухот, од кои најзначајната е еколошката категоризација на возилата („налепници“) и забрана за нивно движење при зголемено...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат собраниска расправа за загадениот воздух

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија денеска во Собранието на Република Македонија поднесоа Информација за енормното загадување на амбиенталниот воздух и ќе бараат расправа на оваа тема во законодавниот дом. Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ рече дека благодарение на актуелната власт, Република Македонија станала држава со најзагаден воздух во Европа. - Загадувањето на воздухот во Република Македонија...

Со два дрона, камери и со повеќе инспектори, град Скопје ќе се бори против загадувачите

За само пет дена, откако град Скопје упати апел до граѓаните да не ги пријавуваат загадувачите на воздухот во Скопје на социјалните мрежи туку на надлежните инспекции на дежурниот телефон 193, добиени се 42 пријави од граѓани, градската комунална инспекција интервенирала по сите поединечно, при што на 10 локации кои биле на јавни површини, бил изгаснат пожар. Останатите пријави...

Град Скопје ќе прави мобилна апликација за споделување превоз заради намалување на загадувањето

Град Скопје планира апликација за мобилни телефони за оперативните системи Андроид и ИОС, со која скопјани ќе може да се организираат и да се договараат за заеднички превоз со автомобил, како една од мерките за намалување на загадувањето на воздухот. Огласот за изработувач на апликациите е распишан во петокот, планирани се верзии на македонски и албански јазик, а според проценките,...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...