fbpx

Распустот нема да продолжи, од утре сите на школо

-

Министерството за образование и наука соопшти дека од утре учениците се враќаат на настава. Распустот беше два дена продолжен поради загадувањето на воздухот.

„Согласно препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, а имајќи ги во предвид и препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух, Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие започнува утре, и тоа за сите ученици од јавните и приватните основни и средни училишта во сите општини во Република Македонија“, информираат оттаму.

Денеска во Владата информираа дека мерките и препораките за заштита од загадувањето што ги воведе завчера Владата, од утре престануваат да важат бидејќи концентрациите на ПМ10 честичките се под дефинираниот праг на алармирање од 200 микрограми на еден кубен метар, соопштија денеска од Владата.

Во соопштението се наведува дека прагот за алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 микрограми на еден кубен метар во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, е надминат на мерното место Струмица, за каде остануваат во сила мерките и препораките.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...